„Низ прстен те гледам, в срце да ти влезам“ - Лилјана и Јован се венчаа на Галичка свадба 2025 (видео)

Со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, Лилјана Михајлоска (25) и Јован Филипоски (27) од Гостивар се венчаа на годинешната Галичка свадба.

niz-prsten-te-gledam-v-srce-da-ti-vlezam-liljana-i-jovan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2025-01.jpg

Гостиварчаните Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски беа младениците на традиционалната Галичка свадба, што викендов се одржува во прекрасното село Галичник.

Во придружба на семејствата, пријателите, но и неколку стотина статисти во носии, за сè на свадбата да делува автентично, како во минатото, тие си го кажаа судбоносното „ДА“ во црквата Св. Петар и Павле средсело, и се заколнаа на вечна љубов.

Оваа година младоженецот има галичко потекло, и како што невестата откри претходно во интервју за CRNOBELO.com, тој отсекогаш имал желба да направи свадба токму таму.

niz-prsten-te-gledam-v-srce-da-ti-vlezam-liljana-i-jovan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2025-03.jpg

И зетот и невестата претходно учествувале на свадбата како статисти - Јован многупати, уште од мал, а Лилјана само еднаш, во 2022-ра.

Но, годинава, таа ги научи сите обичаи, и заедно со својот избраник, ја продолжија децениската традиција, која е инспирирана од желбата на жителите на Галичник да ги сочуваат обичаите на Мијаците од заборав.

Дводневните свадбени активности почнаа вчера (12.07) со поставување на свадбарскиот бајрак, неговото китење и симболичниот чин на „фрлање“ три пушки од куќата на зетот.

Зетот и неговото семејството ги пречекаа тапаните и заедно заминаа на мостот во селото, каде што свекрвата го поведе свекрвиното оро.

Потоа, пред селската чешма во Галичник, се играа „Невестинско“ и „Тешкото“, ора кои се симбол на пркосот и непокорот.

niz-prsten-te-gledam-v-srce-da-ti-vlezam-liljana-i-jovan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2025-04.jpg

Свадбените обичаи вчера завршија со одењето по вода, кога невестата заедно со свадбарите оди на три чешми да наполни вода, а лицето ѝ е покриено со вел за да се скрие од љубопитните погледи.

Галичката свадба продолжи денес (13.07) со адетот познат како „канење на мртвите“, а зетот со неколку свадбари ги посети гробовите на починатите.

Оттаму, сите заедно заминаа во куќата на кумот за да го поканат на свадбата.

niz-prsten-te-gledam-v-srce-da-ti-vlezam-liljana-i-jovan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2025-05.jpg

Адетите продолжија со традиционалното бричење на зетот, по што свадбарите тргнаа по невестата.

А таа, ги пречека во својата соба од која претходно, застаната на прозорецот, преку прстен го гледаше младоженецот.

Низ прстен те гледам, в срце да ти влезам“ - се зборовите што ги кажува додека гледа во идниот сопруг.

niz-prsten-te-gledam-v-srce-da-ti-vlezam-liljana-i-jovan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2025-06.jpg

Невестата, потоа слезе во дворот на куќата каде доби дарови од свекрвата, а таа, според традицијата, ѝ ги бакна рацете на својата идна свекрва.

Следен беше обичајот на сеење брашно сред село, по што Јован и Лилјана заминаа во црквата Св. Петар и Павле за да се венчаат.

niz-prsten-te-gledam-v-srce-da-ti-vlezam-liljana-i-jovan-se-venchaa-na-galichka-svadba-2025-07.jpg

Свадбата продолжи со веселбата среде Галичник - се играа ора, се слушаше звукот на зурлите и тапаните.

А токму тие вечерва, во доцна во ноќта, ќе го одбележат крајот на уште една Галичка свадба.

Погледнете го видеото ТУКА

А. Ј. | Црнобело / фото: Принтскрин YouTube - МЗ Галичник

Би можело да ве интересира:

Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Денес е Иванден – се слави раѓањето на Јован Крстител, еден од најважните светци во христијанството На Иванден се слави раѓањето на Јован Крстител, личноста што го крстила Исус во ...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg