Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите (фото+видео)
- Детали
- четврток, 26 јуни 2025
„Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oдиме кај нив на гости, но јас, да бидам искрен, првпат летам со авион, а сепак имав желба и бев подготвен тоа да го сторам во авионот“, вели Бобан Стојмановски oд Куманово за запросувњето на саканата Јована.

Бобан Стојмановски (25) oд Куманово по две години врска одучи да ја запроси саканата Јована Јовановска (22) од Куманово.
Тој ја запроси за време на авионски лет кон Германија, каде оделе на посета кај неговиот брат и снаа.
Бобан за запросувањето за CRNOBELO.com вели:
„Јас, како и секое машко, си размислував како би изгледал и каде би се случил чинот запросување.
Сакав да биде уникатно и искрено и ми дојде идеја да ја запросам девојка ми во авион.

Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oдиме кај нив на гости, но јас да бидам искрен првпат летам со авион, а сепак имав желба и бев подготвен тоа да го сторам во авионот.

Па, така букиравме карти и дојде денот 25.06.2025 каде што се упативме на нашиот аеродром, се качивме во авионот, а возбудата беше многу силна.
Не знаев дали сум среќен или исплашен, тргна авионот, полетавме и се смири сè.

Ѝ кажав на девојка ми, а сега веќе мојата вереница, дека ќе одам во тоалет, па се упатив на задниот дел од авионот кај стјуардесите и им објаснив што и како би сакал да биде.
Тие без размислување се согласија и им благодарам за огромната поддршка, која ми беше неопходна во тој момент.
Се упатија во предниот дел од авионот и на микрофонот ја повикаа Јована за идентификација.

Таа се упати кај нив и јас зад неа клекнав и ја очекував да излезе да ми каже ДА.
Зад мене имаше околу можеби 200 луѓе кои ме бодреа и ми даваа ветер во грб.

Испадна токму така како што посакував. Следете ги своите соништа по секоја цена и никогаш нема да згрешите“.
Видео од запросувањето:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
