Дечко ја запроси саканата на концертот на Давид Темелков во Скопје - тој им пееше, а тие играа танго (фото)
- Детали
- понеделник, 23 март 2026
Дечко излезе на сцената да заигра со својата сакана, но всушност ја запроси, а потоа танцуваа на песната „Божја волја“, додека Давид Темелков пееше специјално за нив.

Во четвртокот (19.03) Давид Темелков го одржа својот прв солистички концерт во Скопје во МНТ и приреди два часа емоција, два часа буквално го гледавме како да е магичен.
Токму така, магичен! Таков вокал, кој умее толку многу, е реткост и дар од Бога. Таква чиста емоција и благодарност за дадената љубов од страна на публиката исто така е реткост.

Па, затоа, не беше ниту чудно што дечко од публиката се одлучи да ја запроси својата сакана токму на концертот на Давид.
Запросувањето се случи уште на самиот почеток. Давид направи трик канејќи кој од публиката би сакал да заигра на сцената, па дечкото ја покани саканата да излезат, а потоа клекна пред неа и ја запроси.

Давид потоа за нив ја отпеа неговата песна „Божја волја“, а парот играше танго на сцената.
Емотивниот настан вети вечер каква што Давид успеа да приреди, вечер полна љубов и вечер што се памети.

Време е да почнеме да го цениме она што го имаме, а Давид иако живее во Хрватска во последните години, сепак е вокал со македонско сонце, па да му бидеме ветерот во грб за да продолжи да го освојува регионот, токму како што наумил.

Погледнете како изгледаше запросувањето:






©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: С. С.
