Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото)
- Детали
- понеделник, 28 јули 2025
Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Холандија. Требало да кампуваат во шатор, но тој ја натерал да возат велосипеди 30 минути до центарот на градот, каде во еден миг позирал со прстенот зад неа, додека таа не била свесна за тоа.

Милена Велеска (25) и Стефан Милошески (26) од Прилеп живеат во Германија.
Милена е дипломиран психолог, а Стефан по професија е машински техничар за компјутерско управување.
Toj ja запроси за време на едно неодамнешно патување во Холандија, по 9 години врска.

Милена за запросувањето за CRNOBELO.com вели:
„Запросувањето се случи на 19-ти јули. Започна како обично патување (апсолутно неочекувано за мене) по завршена ноќна смена, а се претвори во еден од најнезаборавните денови во нашиот живот.

Без претчувство, без најава – сосема неочекувано, среде мирот на холандското крајбрежје, нашата љубов доби ново значење.
По пристигнувањето на локацијата Kijkduin, го поставивме нашиот шатор за спиење, а мојата желба беше едноставна – малку одмор.

Но, нашите пријатели имаа поинаков план.
Еден од нив инсистираше да продолжиме до Ден Хаг, каде што наводно имало банџи скокање и сакал да проба.

Некако бев уморна и тој ден не ми се одеше никаде, но попуштив – не знаејќи дека ме водат токму до најубавиот момент од мојот живот.
По 30-минутно возење со велосипеди, стигнавме во срцето на градот.

Ја започнавме нашата прошетка правејќи фотографии притоа.
Јас предложив да се сликаме, а изненадувачки – Стефан прифати без двоумење, иако не е љубител на фотографии.
Тој дури и инсистираше да направиме уште неколку. Во еден од тие моменти, додека се смеевме и се фотографиравме, Стефан клекна.
