Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео)
- Детали
- четврток, 16 април 2026
Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Стефан Лазаров и Марта уживаат во најубавиот период од нивниот живот. Погледнете како изгледаше откривањето на полот...

Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта ќе станат родители. Марта е во 4-тиот месец од бременоста, а тој е пресреќен што ќе му се исполни долгогодишната желба да биде татко.

Стефан не ја крие возбудата што наскоро ќе има мал наследник, па иако е рано, со сопругата веќе се договараат што ќе купуваат за бебето и како ќе ја уредат собата.
За CRNOBELO.com Стефан вели дека не може да опише какво чувство имал во моментот кога дознал за бременоста, а дека звукот на срцебиењето на бебето, кое веќе го слушнале, сака да го слуша повторно и повторно.

Сега тој сподели видео со сопругата на плажа, каде со торта и чаши открија дека внатрешноста на тортата е сина боја, односно дека очекуваат синче.

Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело
