Пајак со тон емоции по исповедта за пелтечењето, а Стефан Лазаров: „Тој поседува сè што треба да има еден голем човек“
- Детали
- среда, 24 јуни 2026
Пајак е дечко со искрена насмевка, тон емоции и ѕвезда. Стефан Лазаров за него вели: „Пајак ќе стане едно од најголемите музички имиња кои ги имала оваа држава!“ Се согласувате ли? Во време на изместени морални вредности, тој во секоја пригода истакнува колку е горд и благодарен на своите родители - дечко за пример.

Христијан Настески - Пајак веќе неколку години е миленик на помладата публика, а го слушаат и оние повозрасните. Тој неодамна го објави и својот прв албум „2000 и некоја“, со кој се зацврсти на врвот на домашната музичка сцена.

Но, малкумина знаат дека ова младо момче од дете пелтечи, иако тоа не се слуша во неговото пеење.

Христијан не зборува често на оваа тема, но се отвори во подкастот на Стефан Лазаров, па искрено прозборе за проблемите со кои се соочувал.

Стефан Лазаров со низа комплименти за Пајак:
„Пајак ќе стане едно од најголемите музички имиња кои ги имала оваа држава. Поседува сè што треба да има еден голем човек.
Искрено од сè срце ти посакувам братко да продолжиш да газиш и никогаш да не се смениш.
Фала ти за вчера!“

Инаку, по гостувањето Пајак напиша:
„Луѓе мои...
Отсекогаш ми било незгодно да зборувам јавно за пелтечењето. Денес сфатив колку е битно да се зборува отворено на секоја тема, и дека не треба само позитивните работи да ги споделуваме.
Ви благодарам на сите пораки и поддршката.
Во подкастот кај Лазаров тоа ми беше целта, да сфатат сите тие кои што ја делат оваа прекрасна ДАРБА дека не се сами и дека не треба да се срамите од тоа што го поседувате и да знаете дека сте ПОСЕБНИ на овој свет...
Исто така за сите родители кои се соочувате со истата ситуација, слободно можете да им кажете на вашите деца дека ништо не се различни од другите деца и дека нема да имаат никаква пречка за успех во животот.
Со Љубов, Пајак“.

Целото гостување на Пајак:
С. С. | Црнобело