Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата држава“
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
„Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дури некаде и побрутално е. Секој ден размислувам дека треба да престанам. Ама многу си ја сакам работава, јас го сакам ова. Многу би сакал да сум најуспешен, ама никој да не ме знае“, вели јутјуберот Стефан Лазаров за својата работа, но и за критиките.

Отец Бобан Митевски (43) е православен свештеник од Скопје, кој повеќе од 15 години со љубов ја работи својата професија, а среќен е што сè поголем е бројот на млади кои се верници.
Тој својата мисла ја споделува и преку неговиот подкаст „Смисла“, кој го води заедно со сестра Ефимија.

Сега, во подкастот им гостуваше јутјуберот Стефан Лазаров, кој сподели колку си ја сака својата работа и е пресреќен што успеал во својата татковина, но и колку на моменти му паѓа тешко соочувањето со популарноста, односно што сите го препознаваат.

Стефан за својата работа, но и дозата на критика која знае да ја добие од одредени луѓе, вели:
„Исус Христос го распнале, да тргнеме од таму, така?
Кој е Стефан Лазаров, отец Бобан или сестра Ефимија? Кои сме ние, ако Исус Христос го распнале и го сметале за грешник? Го сметале некои од луѓето.
Така што тоа ви е најголем пример за луѓето општо.

Некој ќе каже во Македонија сме такви. Не, не, секаде е така.
Секаде, дури некаде и побрутално е.

Јас чувствувам одговорност, јас сакам младите да гледаат еден лик пред себе, којшто немал ништо во животот и создал сè сам во својата држава, сопствената татковина, Македонија“.


На темата да се избориш во својата земја, Лазаров вели:
„Да, тоа ми беше целта од првиот ден. Јас сакав да останам тука, сакав да творам тука, сакам моите деца да растат тука.
Јас верувам во нашата почва, во нашата држава, во нашата Македонија“.
