„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по смртта
- Детали
- среда, 25 март 2026
„Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е празна, мрачно е... Само дрвото е останато исто - живо, големо, зелено“, вели Гордана Деан Поп Христова и објави фотка од Кили.

Од инфаркт во сон на 11-ти март во Еквадор почина нашиот легендарен актер Кирил Поп Христов - Кили, на 58 години.

Неговата сопруга кореографката Гордана Деан Поп Христова за CRNOBELO.com тогаш изјави:
„Само убави работи памтам со него. Почина во сон од инфаркт“.

Кили живееше во Еквадор од 2014 година со сопругата и ќерката Joана, а Гордана сега откри дека не може да се помири со разделбата и дека премногу е носталгична по Кили.

Јоана и Кили
На својот Фејсбук профил, таа напиша емотивни зборови и објави фотка од Кили:
„Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е празна, мрачно е... Само дрвото е останато исто - живо, големо, зелено“.

Прочитајте и Гордана Деан Поп Христова за животот во Еквадор: „Еквадорците крај брегот уживаат во лулашки и ќе ви го поправат интернетот по 5 дена“
С. С. | Црнобело
