Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото)

Од никаде, со поглед полн љубов и глас што малку му затрепери ми го постави најубавото прашање. И јас, со срце полно – реков „Да“.
Без маникир, без претчувство, без сценарио, но со најчиста љубов. Токму така како што треба.

Вечерта, иако исцрпени (38 часа без сон) славевме на плажа – со музика, пријатели, емоции.

Возбудата го победи уморот. Љубовта беше силна, вистинска и сјаеше посилно од сè околу нас.
А најубавиот дел? Нашата љубов започна токму на море – пред девет години.
И по цели девет години, повторно морето беше сведок на ново „да“, нов почеток, исто толку искрен и полн со љубов како и првиот ден. Како да ни беше судено – таму каде што започнавме, да направиме и чекор понатаму“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
