Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото)
- Детали
- понеделник, 06 април 2026
Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелеска, електро инженер, по 4 години врска, на патување во Италија. „Беше во магичната атмосфера на Villa del Balbianello“, велат тие за CRNOBELO.com.

Игор Јанкоски (31) од Прилеп, дипломиран информатички инженер и Елена Ангелеска (25) од Прилеп, дипломиран електро инженер беа на патување во Италија, каде Игор на магична локација ја запроси саканата Елена.
Игор и Елена за CRNOBELO.com споделуваат:
„По скоро четири години исполнети со љубов, доверба и безброј заеднички моменти, го направивме следниот чекор кон нашата заедничка иднина.

Во магичната атмосфера на Villa del Balbianello, светски позната локација што се појавува и во култни филмови, ја крунисавме нашата врска со судбоносното „да“.

Овој незаборавен момент, кој се случи на магично место, меѓу елеганцијата на езерото Комо и романтиката на историската вила, претставува почеток на ново поглавје за нас.


Патувањето продолжува во Швајцарија, каде што нашата приказна ќе се надградува со нови доживувања, спомени и заеднички соништа“.



