Денес е Иванден – се слави раѓањето на Јован Крстител, еден од најважните светци во христијанството

На Иванден се слави раѓањето на Јован Крстител, личноста што го крстила Исус во реката Јордан. Именден слават Јован, Јована, Иван, Ивана…

denes-e-ivanden-se-slavi-ragjanjeto-na-jovan-krstitel-eden-od-najvazhnite-svetci-vo-hristijanstvoto-01.jpg

Денес, 7-ми јуни, христијаните слават еден од најголемите верски празници – Иванден. Според јулијанскиот календар, Иванден се слави на 24-ти јуни.

На Иванден се слави раѓањето на Јован Крстител (или Јован Претеча), еден од поважните светци во христијанството и личноста што го крстила Исус во реката Јордан.

Во македонската народна традиција, празникот се поврзува и со многу обичаи и верувања бидејќи е во периодот на долгодневицата.

denes-e-ivanden-se-slavi-ragjanjeto-na-jovan-krstitel-eden-od-najvazhnite-svetci-vo-hristijanstvoto-04.JPGфото: Википедија

Житието на Јован Крстител како што е објавено на веб-сајтот на Бигорскиот манастир:

„Шест месеци пред своето јавување во Назарет на Пресветата Дева Марија, великиот Гаврил, архангелот Божји, му се јавил на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудното зачнување на неискусомажната Девица, архангелот го објавил чудното зачнување на бездетната старица.

Захариј не им поверувал веднаш на зборовите на гласникот Божји и затоа јазикот му се врзал немило, и останал нем сè до осмиот ден од раѓањето на Јован. Во тој ден се собрале роднините на Захариј и на Елисавета заради обрезување на младенецот за да му стават и име. Па кога го прашале таткото какво име ќе му даде на синот, тој, бидејќи нем, напишал на една штичка: Јован. Во тој миг му се одврзал јазикот и тој почнал да зборува.

Домот на Захариј бил на една од височинките помеѓу Витлеем и Хеврон. По целиот Израил се разнесло глас за јавувањето на ангелот Божји на Захариј, за немилиот случај и за одврзувањето на неговиот јазик во часот кога го напишал името Јован. Гласот за тоа дошол и до Ирод. Затоа Ирод, кога испратил луѓе да ги исколат децата во Витлеем, испратил луѓе и во ридскиот крај, во домот на Захариј да го убијат и Јована.

Но, Елисавета благовремено го засолнала детето. Разјарен поради ова, царот Ирод испратил џелати во храмот каде што служел Захариј, оти на Захариј повторно му паднала жрепката за служење во ерусалимскиот храм, да го убијат.

Захариј бил убиен помеѓу притворот и храмот, а крвта негова се згрутчила и се скаменила на плочите и останала така како постојан сведок против Ирода. Елисавета со детето се скрила во една пештера, каде што наскоро починала. Младенецот Јован останал во пустината сам на грижа на Бога и на ангелите Божји“.

denes-e-ivanden-se-slavi-ragjanjeto-na-jovan-krstitel-eden-od-najvazhnite-svetci-vo-hristijanstvoto-03.JPGфото: Википедија

Во македонската традиција има и разни обичаи кои се поврзуваат со Иванден.

Еден од најпознатите е обичајот познат како Тајане, кој до денес најмногу се има задржано во Прилепско, Битолско и Крушевско.

Според обичајот, на Иванден треба да се собираат секакви билки и тревки за среќа и здравје. Или, како што гласи изреката запишана во „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина“ од Марко Цепенков:

„На Иванден арно е да збираат секакви билки и тревки, многу за арно било: за година здрав ќе бил“.

denes-e-ivanden-se-slavi-ragjanjeto-na-jovan-krstitel-eden-od-najvazhnite-svetci-vo-hristijanstvoto-02.JPG

Во некои делови од Македонија е останат обичајот вечерта пред празникот да се бере папрат, поради верувањето дека ова растение штити од несреќи.

Според некои обичаи, папратот треба да се стави на креветот и да се спие врз него, а следното утро да се направат венци. Овие венци се ставаат во бавчите и нивите, за да го заштитат родот од временски непогоди и други несреќи.

Денес именден слават Иван, Ивана, Јован, Јована, Ванчо, Јово…

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава