Дејан од Куманово ја запроси Викторија во Словенија: „Добив две медала, еден бронзен, а другиот таа - мојата животна победа“
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
„После 8 години врска, чувствував дека е вистинскиот момент. Кога клекнав пред неа, сè околу нас исчезна... На крајот донесов две медали – едниот бронзен, а другиот е мојата животна победа. Таа!“, вели Дејан Цветковски (28), натпреварувач во streetlifting, за запросувањето на саканата Викторија Ѓорѓевска (26).

Дејан Цветковски (28) од Куманово ја запроси Викторија Ѓорѓевска (26) исто така од Куманово за време на нивното патување во Словенија
Инаку, двајцата работат и живеат во Германија, а во врска се 8 години.

Парот отпатувал во Словенија поради streetlifting натпревар на Дејан.
Инаку, streetlifting е спорт при кој натпреварувачите изведуваат основни вежби со додадена тежина, а победува оној што ќе подигне најголема тежина според правилата.

Дејан споделува детали за запросувањето за CRNOBELO.com:
„Патувањето во Словенија започна како дел од мој streetlifting натпревар, но зад тоа стоеше многу подлабока приказна.

Инспирацијата за запросувањето ја добив од еден познат словенечки кошаркар – број 77, чија самодоверба и храброст ме поттикнаа и јас да направам голем чекор во животот.
Прстенот го купија моите другари пред околу 2 седмици, а јас го чував како најубава тајна.


Сакав сè да биде совршено, а Бледското Езеро го избрав бидејќи природата таму има посебна магија – мир, тишина и убавина што нè поврзува уште повеќе.
