Сопругата на Франц стана бодибилдерка, по две породувања - ослабе 16kg, oсвои 4 медали, а сопругот ѝ е поддршка
- Детали
- среда, 08 април 2026
„Ослабев 16 килограми за речиси 5 месеци и изградив природна, мускулеста фигура. Сега знаете зошто тренирам толку напорно. Франц, ти благодарам што веруваше во мене“, напиша Ема, која е во брак со музичарот од 2014 година, а со ќерките Мелоди и Мона живеат во САД.

Владимир Крстевски Франц, поранешниот член на групата „Нокаут“, со години живее и работи во Калифорнија.

Таму е со сопругата Ема, со која е во брак од 2014 година, а со која има две ќерки, Мелоди и Мона.


Сега, Ема стана бодибилдерка и на првото натпреварување во бодибилдинг освои дури 4 медали.


Таа на својот Инстаграм профил напиша:
„Првпат се натпреварував и освоив 4 медали!
Многу сум благодарна за ова патување. Овој спорт ми го освои срцето.

Научив што значи дисциплина и што може да постигне конзистентноста.
Ова беше најтешкото нешто што сум го направила, и сум неверојатно горда.

Ослабев 16 килограми за речиси 5 месеци и изградив природна, мускулеста фигура. Сега знаете зошто тренирам толку напорно.

Длабоко сум благодарна за моето семејство, мојот прекрасен сопруг и моите две убави ќерки, кои ме поддржуваа во изминативе пет месеци.
Франц, ти благодарам што веруваше во мене и ме туркаше низ ова патување...


Благодарна сум за моите неколку вистински пријатели кои беа со мене до самиот крај и за неверојатната поддршка од моето LA Fitness семејство. Навистина го ценам тоа!


Создадов толку многу спомени, ова шоу беше навистина неверојатно“.



