Франц со сопругата и децата ужива на одмор на островот Ана Марија - се наоѓа во Флорида, има бели песочни плажи (фото)
- Детали
- среда, 30 јули 2025
Совршеното зајдисонце на островот Ана Марија им ги освои срцата на Франц и неговите сакани. Долги песочни плажи и совршено место за набљудување на морски желки... Каде одмора некогашниот член на „Нокаут“?

Владимир Крстевски Франц, поранешниот член на групата „Нокаут“, со години живее и работи во Калифорнија.
Таму е со сопругата Ема, со која е во брак од 2014 година, а со која има две ќерки, Мелоди и Мона.

Франц сега сподели семејни фотографии од летувањето на островот Ана Марија, кој се наоѓа на западниот брег на државата Флорида.
Има 3 града на него и долг е околу 11 километри.
фото: depositphotos.com
Овој остров е познат по плажите со бел песок и чистата вода.
Островот е популарен за релаксација, набљудување на морски желки и делфини, како и за еко-туризам и активности на отворено.
фото: depositphotos.com
Ана Марија нуди атмосфера од „старата Флорида“, како што велат Американците, со низок туристички интензитет, семејни куќи, локални ресторани, мали продавнички итн.
фото: depositphotos.com
Франц и неговите сакани очигледно токму таму го пронашле својот рај за релаксација, а покрај дружбите на плажа, најголем впечаток им оставило совршеното зајдисонце на ова место, судејќи според фотографиите на Франц.




Прочитајте и Франц со семејството на Хаваи: Бакнежи со сопругата, ќерките модно усогласени со мајка им (фото)
С. С. | Црнобело
