Катарина Ивановска на трка низ Дубаи: „Да се трча со над 300.000 учесници од цел свет е сензација што не се опишува“
- Детали
- понеделник, 24 ноември 2025
„Да се трча 10km по Шеик Зајед Роуд во Дубаи, заедно со над 300.000 учесници од целиот свет, е сензација што тешко се опишува. Атмосферата беше неверојатна, а настанот ме потсети колку спортот инспирира. Со големо задоволство би учествувала повторно“ - вели Катарина Ивановска за CRNOBELO.com.

Нашиот топ-модел, Катарина Ивановска, е голем вљубеник во трчањето. Низ годините, таа многупати го трчаше Скопскиот маратон, а изминатиов викенд си исполни голема желба и трчаше 10km низ Дубаи, на традиционалниот Dubai Run.
Оваа трка се одржува седми пат, а на стартот, меѓу 300.000 учесници, беа и Катарина и нејзиниот партнер Стефан.

Облечени во сини маички, како и сите останати учесници на трката (која нема за цел да се постигне најдобро време, туку е забава) Катарина и Стефан заедно поминаа низ целната линија.
За CRNOBELO.com, Катарина вели дека учеството на самата трка е сензација која тешко се опишува.

„Dubai Run ми беше едно од најубавите спортски искуства до сега.
Ова не е трка за резултат или време, туку настан што го слави движењето, здравјето и убавата енергија на луѓето.
Да се трча 10 километри по Шеик Зајед Роуд во Дубаи, заедно со над 300.000 учесници од целиот свет, е сензација што тешко се опишува.

Атмосферата беше неверојатна, а чувството на заедништво огромно.
Овој настан ме потсети колку спортот инспирира, обединува и дава сила и со големо задоволство би учествувала повторно“, ни кажа Катарина.
Според организаторите на Dubai Run, на настанот имало околу 307.000 учесници.
Тие објавија и неколку фотографии на кои се гледа дел од атмосферата.
Погледнете ги фотографиите:









А. Ј. | Црнобело