Христина Пан со фотосесија ја слави 2025-та - едната близначка ѝ се избори со ракот, а доби и трета ќерка
- Детали
- понеделник, 15 декември 2025
„2025 прво ми ја даде Калија мојата трета среќа, благослов и чудо за кое никој не веруваше дека ќе се случи. Ми ја даде по втор пат Тара, после две години голгота ѕвонеше најсилно ѕвончето што означува победа и нов живот“, вели Христина Младенов, позната како Христина Пан на Инстаграм.
фото: Loveclick
Христина Младенов, на Инстаграм позната како @hristinapan, по потекло е од преубавото Слепче, во Демир Хисар, а последниве две децении живее во Скопје. По професија е дипломиран инженер по биологија, но многу е активна и на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 30.000 следбеници.
Сега, таа сподели новогодишна фотосесија со својот сопруг Петар, двете близначки Хана и Тара и најмалата ќерка Калија.
Христина, која прво се бореше со неплодност, а потоа и со дијагнозата рак на една од близначките, откри колку е среќна што сето ова е зад неа и што 2025-та година ја благословила со уште една ќерка.

Христина вели:
„2025 прво ми ја даде Калија мојата трета среќа, благослов и чудо за кое никој не веруваше дека ќе се случи.

Ми ја даде по втор пат Тара, после две години голгота ѕвонеше најсилно ѕвончето што означува победа и нов живот исполнет само со здравје и убави моменти, детство какво што треба да има секое дете.

Хана конечно ме има дома цело време, ми верува дека сум тука и почна да ме вика МАМА!

Моментално седам во викендицата во моето Слепче, покрај оган и ми светка старата елка, со дел од моите први лампиони од детството.
Ништо повеќе од ова не посакувам, да сме здрави и живи и сите на број.
Господе фала ти!“