Се ожени во реално шоу, ја замени сопругата со 30 години помлада - Кој е Македонецот што стана сензација во Австралија?
- Детали
- вторник, 30 декември 2025
Пред да влезе во реалното шоу Married at First Sight, Тони Мојановски (53) рекол дека сака да најде жена со која ќе му се случи љубов за цел живот, како таа на неговите родители. Во шоуто што се прикажуваше на почетокот на 2025, се ожени и брзо потоа се разведе. Кој е Македонецот кој е хит во Австралија?

Македонецот Тони Мојановски (53) преку ноќ стана сензација во Австралија, откако се појави во реалното шоу Married at First Sight (Брак на прв поглед), за да најде љубов.
Желбата и му се исполни - во шоуто ја запозна Морена Фарина, со која и се венча, а публиката, желна за романса и љубов, ги обожаваше како пар.

Но, како што често се случува во реалните шоуа, она што на почетокот делува идилично, па се распаѓа, му се случи и на нашиот Тони.
Тој и неговата нова сопруга Морена, се разделија уште пред да заврши сезоната, а таа во медиумите го обвинува дека ја навредувал, дека не е таков како што се претставува во шоуто, но и дека сакал да ја донесе поранешната сопруга на снимањето на една од последните епизоди за да крене прашина околу себе.

Тони, пак, последниве денови често се појавува во друштво на 30 години помлада инфлуенсерка, за која се пишува дека му е нова девојка.

Што знаеме за Македонецот кој е вистинска сензација по учеството во реалното шоу?
Родителите на Тони се македонски иселеници во Австралија.
