Елена Најдоски ужива во Швајцарија со сопругот - празнично патување од соништата
- Детали
- понеделник, 05 јануари 2026
„Баш ова ми требаше. Целосно уживање во најтоплата термална бања во Швајцарија. Мир, тишина и совршен ресет за телото и умот“, напиша Елена, која повторно воодушеви со стилот.

Елена Најдоски и нејзиниот сопруг Бојан се на празнично патување од соништата во Швајцарија.
Таму пристигнаа на крајот на декември за да ја дочекаат 2026-та година, но и да уживаат во убавините што ги нуди земјата особено во зима.


Елена последниве денови споделува фотографии и видеа од нивното патување, па откри дека посетиле неколку места, вклучувајќи ги Женева, Гаштад, Монтре.
А во Монтре, таа имаше несекојдневно доживување - Елена уживаше во термална бања на отворено, каде што водата е 35°C, иако надвор било -3°C.


„Баш ова ми требаше. Целосно уживање во најтоплата термална бања во Швајцарија.
Мир, тишина и совршен ресет за телото и умот“, напиша таа.


Елена воодушеви и со стилот.
Таа комбинира хеланки со бунди и чизми, а впечатливи се и нејзините необични бели ракавици.
