„Ова е тажно да се види“ – Македонско-унгарско патувачко семејство ја открива (не)убавата страна на Тајланд
- Детали
- понеделник, 12 јануари 2026
„Не ни се потребни ни половина од овие работи“, вели македонската снаа од Унгарија, Едит Тапшанова, и прикажува каква штета направил човекот со ѓубрето во рајскиот Тајланд, каде ужива со сопругот Драган и синот.

Драган Тапшанов за себе вели дека е „патувач со полно работно време“, а со својата сопруга Едит од Унгарија и синот постојано се во движење.
На почетокот од 2026-та тие како своја дестинација го избраа Тајланд.

И оттаму ни ја прикажуваат сета негова убавина со бели плажи и тиркизна вода, како и вкусните специјалитети во локалните ресторанчиња.
Но, тие ни ја прикажуваат и онаа помалку убавата страна, а тоа е ѓубрето кое океанот го исфрла.

Едит објави неколку такви сцени, кои вели дека се резултат на консумеризмот на луѓето и на тоа што толку многу купуваме работи кои не ни требаат.
Многу, многу ѓубре и навистина жална сцена која освестува дека претеруваме и дека човекот премногу ѝ наштетува на природата.


Поубавата страна на Тајланд:


