Александра Шијакоска со потег за пофалба: „Секоја година реновирам по една соба во домот на моите родители“
- Детали
- четврток, 23 април 2026
„Секоја година си реновирам по една соба во куќата на родителите. Ова е дневната на долниот спрат... Толку ќеф не ми беше кога избиравме за кај мене“, вели Александра Шијакоска, која иако живее со сопругот Едмонд и синот Риан, обожава да оди на гости кај нејзините родители и да им помага во уредувањето на домот.

Битолчанката Александра Шијакоска е една од најпознатите македонски модни блогерки, која постојано ги промовира вистинските семејни вредности.

Таа живее со сопругот Едмонд и синот Риан, но неретко го посетува семејниот дом на нејзините родители, каде ги обожава дружбите кога ќе се соберат сите од семејството, особено внуците и дедо ѝ.

Сега, на Инстаграм Стори откри една своја интересна навика, која е навистина убава и инспиративна.
Александра Шијакоска вели:
„Секоја година си реновирам по една соба во куќата на родителите. Ова е дневната на долниот спрат, последните две години не се качуваа горе, па дневната горе ја користевме само за празници.
Толку ќеф не ми беше кога избиравме за кај мене.
Одвај чекам да се среди сè и да си пиеме кафе во ново“.


Дневната соба кај нејзините, на вториот кат од куќата:
Таа ужива и во уредување и тематско китење и на својот дом:

