Антониа Гиговска и Благица Павловска снимаа спот, шеф Никола го освети домот - Што прават нашите ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- вторник, 14 април 2026
Со фотка од снимање спот, на која двете изгледаат прекрасно, Антониа Гиговска го најави дуетот со Благица Павловска, но и новиот албум, Даниел Николовски ја шминкаше Наташа Беквалац за настап, а Катарина Ивановска со децата го посети Рим... Што правеа нашите ѕвезди на Инстаграм во изминативе денови?

Предвелигденската недела и викендот за Велигден, многу Македонски ги искористија за патување надвор од земјава.
Други, пак останаа дома. Така, познатиот готвач шеф Никола го освети домот, а Елена Најдоски ги покажа уникатно насликаните велигденски јајца кои личат на мали ремек дела.
Катарина Ивановска со децата беше на патување во Рим, а Александар Белов, кој веќе неколку години живее во Србија, дојде во Македонија со сопругата и ќерката, па поминаа и малку време со семејството, а заедно отидоа и на еднодневна посета на Солун.
Што правеа македонските ѕвезди деновиве?
Антониа Гиговска сними спот за дуетот со Благица Павловска и најави гостин изненадување на песната
Катарина Ивановска со децата во Рим
