Вирално видео: Нашиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“ ја пее „Тајно моја“ на Тоше, среде неговото Крушево
- Детали
- вторник, 13 јануари 2026
„Колку убаво! Браво!!! Песните на Тоше ќе живеат вечно!“, е само еден од коментарите за прекрасната изведба на Ален Хасановиќ среде снежното Крушево.

Ален Хасановиќ е наш пејач од Прилеп кој привлече внимание како учесник во регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Со својата интерпретација тој ги освои симпатиите на жирито и стигна до финалните кругови.

Тој е активен со настапи, а сега при посета на снежото Крушево на отворено ја отпеа култната „Тајно моја“ од Тоше Проески.

Ален вели: „Поздрав од најубавото Крушво“, а со моќната изведба ни буди милион емоции за нашиот непреболен Тоше и неговото омилено, родно Крушево.

Слушнете ја изведбата која стана вирален хит со речиси 7.000 лајкови, 243 коментари и повеќе од 70 споделувања:
С. С. | Црнобело