Лила Филиповска роденденски со мајка си (81), Пајак скокаше по крстот: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- вторник, 20 јануари 2026
Лила Филиповска позира со мајка си и емотивно вели: „Таа е од оние мајки кога ќе го споменеме нејзиното име треба да застанеме. Понекогаш не е сигурна кои сме ние, но најважно е што ние знаеме која е таа“. Давид Темелков им пее на дечиња со посебни потреби и топи срца. Tон емоции, тон љубов... Само Тоше Проески го можеше ова, а сега и Давид - буквално му зрачи љубов од очите.

Снежана Лупевска Созен го прослави роденденот со сопругот и синот, а Лила, пак, на Водици славеше со својата 81-годишна мајка, која сите овие години ѝ е најголема поддршка.
Катарина Ивановска на вечера со пријателка, а Марјана Станојковска активна со своите обврски пред ТВ камерите.
Давид Темелков уште еднаш покажа дека е момче со ангелски глас и златно срце.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Лила Филиповска ѝ прослави 81-ви роденден на мајка си
„Водици е голем празник, но за нас најважен… Денес е родена нашата најсакана Мајка. И да, таа е од оние мајки кога ќе го споменеме нејзиното име треба да застанеме.
Бескрајно благодарни за сите овие години љубов и поддршка, горди на сѐ што за нас направија со нашиот татко и можноста денес да го прославиме осумдесет и првиот роденден.
Понекогаш не е сигурна кои сме ние, но најважно е што ние знаеме која е таа.
НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАМО БЕСКРАЈНО ТЕ САКАМЕ И ДА НИ ЖИВЕЕШ УШТЕ ДОЛГО ДОЛГООО“.



Снежана Лупевска Созен роденденски со семејството
„Драги мои знајни и незнајни пријатели што ми го честитавте роденденот. Ви благодарам од срце што помисливте на мене. Да сме здрави и живи сите!“

Ксенија Николова ужива во Солун

Давид Темелков им пее на дечиња со посебни потреби и топи срца (кликнете на видеото)
Eдина Муса со синот и со сопругот Александар Димитровски Мачка на роденден кај семејството Камилоски


Taско се искапе за Водици


Пајак скокаше по крстот за Водици


