Маја Кикириткова за патувањето на Бали со деца: „Миевме заби со флаширана вода, со такси се возевме за смешна цена“

„За кадата со цвеќе мене ако не прашувате никогаш повторно не би влегла, а чини 50 евра, без масажа. Инаку, храната на Бали е многу евтина, само алкохолот е скап. Лулашката со изнајмување на фустан чини 35 евра, а ако сакате плус фотографии и видеа уште 25 евра“, вели Маја Кикириткова и споделува искуства од Бали, каде беше со сопругот и двете деца.

maja-kikiritkova-mievme-zabi-so-flashirana-voda-cel-den-mozhesh-da-se-vozish-so-taksi-za-smeshna-cena-01.jpg

Модната дизајнерка и инфлуенсерка Маја Кикириткова месецов (јануари) беше на 10-дневно семејно патување на Бали со сопругот Александар и двете деца.

Сега, таа на Инстаграм Стори одговори на низа прашања и даде многу информации за сите оние кои размислуваат Бали да им биде идна дестинација за одмор.

maja-kikiritkova-mievme-zabi-so-flashirana-voda-cel-den-mozhesh-da-se-vozish-so-taksi-za-smeshna-cena-37.jpg

Маја Кикириткова за Бали споделува:

Каква е конекцијата преку Истанбул? Колку се чека?

Летот од Скопје до Истанбул е околу час и половина. Во Истанбул се чека околу 2 часа и летот од Истанбул до Денпасар (Бали) трае 12 и пол часа. Ова е редовен лет.

Со оглед дека на одење на нас ни го откажаа летот, за одење имаше конекција само Скопје-Истанбул-Бангкок-Денпасар, па реално многу летавме.

На враќање си беше како што е предвидено Денпасар-Истанбул-Скопје. Искрено се плашев како ќе биде со децата на така долг пат, но реално го преспаа, па поминавме многу подобро од очекуваното.

maja-kikiritkova-mievme-zabi-so-flashirana-voda-cel-den-mozhesh-da-se-vozish-so-taksi-za-smeshna-cena-14.jpg

Каква е храната? Дали освен нивната, има што да се јаде?

Буквално има сè да се јаде. Паста, пици, бургери, месо... ама нивната кујна е феноменална.

Во хотелите имаше секаков избор, а и каде и да седневме имаше каква и да сакаш храна.

maja-kikiritkova-mievme-zabi-so-flashirana-voda-cel-den-mozhesh-da-se-vozish-so-taksi-za-smeshna-cena-22.jpg

Во кој период од годината е најубаво да се оди?

Ноември, декември, јануари и февруари е дождлива сезона.

Пред да отидеме гледав прогноза и пишуваше дека секој ден ќе врне. Од 10 дена колку што бевме таму, врнеше само два дена.

И тоа врне 15-20 минути и престанува како ништо да не било.

Убавината во овие месеци е што не е толкава гужва и не е толку топло, 30-тина степени, што се чувствуваат како 38.

Водата во океанот е претопла, но и со 50-ка СПФ првпат во живот изгоревме.

maja-kikiritkova-mievme-zabi-so-flashirana-voda-cel-den-mozhesh-da-se-vozish-so-taksi-za-smeshna-cena-19.jpg

Колку е напорен патот и како децата го издржаа?

Воопшто не е напорен. Долгиот лет го преспаа и двајцата.

На враќање и двајцата во авион спиеја околу 10 часа. Ева кога и да се качевме во превоз за да одиме од еден до друг крај заспиваше.

Реално децата не ги ни осетивме, а мислев дека ќе биде напорно.

maja-kikiritkova-mievme-zabi-so-flashirana-voda-cel-den-mozhesh-da-se-vozish-so-taksi-za-smeshna-cena-27.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Maja Кикириткова за CRNOBELO: „Зошто веќе 3 години секој ден го започнувам со мача?“ „Многу луѓе за мачата ме прашуваат - како ја пиеш, нели ти има вкус на земј...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Маја Панчева (53) згодна во бикини, откако откри дека качила 10kg во менопаузата Маја на Инстаграм Стори објави две фотки во црни бикини, додека излегува од море...

Најчитани неделава