Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвезди деновиве?
- Детали
- вторник, 03 март 2026
Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не беше само музика, туку љубов, грижа и искрено поврзување на луѓето, без разлика каде и да живеат. Особена благодарност до Македонците во Германија што го препознаа тоа“. Таа се огласи откако Андреј доби благодарница постхумно. Кој излезе на протест против загадениот воздух во Скопје, а кој, за жал, повторно заврши на операција - 6-та по ред?

Елена Ристеска покажа колку пораснала внука ѝ Делфина, Соња Тарчуловска уживаше на балет, а моделот Бојана Нушкова самоуверено позира.
Што прават нашите познати личности деновиве?
Андреј од ДНК доби благодарница постхумно од здружение на Македонци во Германија, а неговата сопруга Наталија објави:
„Понекогаш животот ќе ти донесе момент во кој болката и гордоста стојат една до друга.
Благодарна сум за поканата да присуствувам и да бидам дел од хуманитарниот концерт, а особено за врачeната благодарница од Македонскиот Културен центар „Македонско сонце“ – Дизелдорф, доделена постхумно за Андреја.
Тоа што тој го правеше не беше само музика, туку љубов, грижа и искрено поврзување на луѓето, без разлика каде и да живеат. Особена благодарност до „Македонско сонце“ што ја препознаа таа вредност“.
Ирина Камилоска беше на протест против загадениот воздух во Скопје


Горан Папаз со 4-те деца и сопругата
Мери Акиевска го покажа трудничкото стомаче
Моделот Елена Ѓорговска во Франција


Кике Цветче и Иван Ајнштајн прославија 11 години љубов

