Калтрина Круезиу блеска на роденденот - Како бел лебед преку ден, сексапилна на вечерна забава (фото)
- Детали
- вторник, 24 март 2026
„Некои работи стануваат подобри со времето. Ја славам жената што станав и магијата која допрва доаѓа“, напиша Калтрина на роденденските фотки, а на кои блеска.

Професорката по солфеж, мејкап артист и инфлуенсерка, Калтрина Круезиу, вчера (23.03) славеше роденден.
Прекрасна како и секогаш, таа најпрво објави фотографии од роденденската фотосесија, а потоа и фотки и видеа од забавата со пријателите.
На првите фотографии, Калтрина носи бел фустан-корсет со пердуви, дополнет со златни детали, а во рацете држи бела торта со златни свеќички.
Грациозна и женствена, Калтрина на фотките е како вистински бел лебед.
„Некои работи стануваат подобри со времето. Да наздравиме за новото поглавје“ - напиша таа, па додаде: „Ја славам жената што станав и магијата која допрва доаѓа“.
Вечерта, пак, беше резервирана за роденденска забава со најблиските.

Овој пат Калтрина избра краток црн фустан-балон, украсен со многу циркони.
И тортата беше во тој стил - елегантна, црна и со сребрени свеќички.

Погледнете ги фотографиите:



