Благица Павловска со уникатна фризура, Џони Лајв со мекици за новороденчето: Што прават нашите ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 27 април 2026
Ирина Камилоска се фотографираше со синот на пат накај Галичник сега, како кога бил бебе, актерката Маја Андоновска прослави роденден во Виена, а Слаткар настапи во Шпанија на забава за студентите апсолвенти од Македонија, Бугарија и Србија.

Ирина Камилоска се фотографираше со синот на пат накај Галичник сега, како кога бил бебе, и напиша: „Каде брзаш бе малечко мое? А еве го Јосе на истово место пред 2 и пол години… А кога поминаа, како поминаа? Уживајте го секој миг со своите бебиња, за час ми порасна…“
Кој смени имиџ, а кој се релаксираше со сончање?
Што прават македонските познати личности?
Благица Павловска со уникатна фризура


Ирина Камилоска се фотографираше со синот на пат накај Галичник сега, исто како кога бил бебе

Игор Џамбазов во Дојран
Роберт Спасенцовски стана хит меме со фризурата
Драган Темелковски, познат како Џони Лајв, со повод за славење со саканата
Џони на 8 април доби син, кој го доби името Милан, а два дена по раѓањето на бебето си го зеде дома од болница, заедно со саканата Сара. Сега со Сара, направија забава со мекици во еден скопски ресторан.



Ивона Јо
Водителката Викторија Петровска ужива во Чинкве Тере и Тоскана
Aктерката Маја Андоновска прослави роденден во Виена
