Пејачот Драган Темелков Џони си го зеде бебето дома на Велики петок - стана татко пред Велигден
- Детали
- сабота, 11 април 2026
„Господи, во денот на страдањето на Исус Христос, Ти ни подари најголема радост и нов живот. Од срце Ти благодарам што мојот син Милан денес си дојде дома“, напиша Драган Темелков, познат како Џони.

Пејачот Драган Темелков - Џони, познат по клубските свирки низ цела земја, кој со години е задолжен за добра забава на Македонците, во престер на Велигден стана татко.

Тој на 8 април доби син, кој го доби името Милан, а два дена по раѓањето на бебето си го зеде дома од болница, заедно со саканата Сара.

Тој објави неколку фотки на Фејсбук, па меѓу другото, напиша:
„Господи, во денот на страдањето на Исус Христос, Ти ни подари најголема радост и нов живот.
Од срце Ти благодарам што мојот син Милан денес си дојде дома.

Нека биде чуван под Твоја закрила, воден од Твојата светлина и благословен во секој чекор од неговиот живот.
Благодарам и на мојота храбра Сара. Ти си мој херој!“.

А. Ј. | Црнобело