Маја Оџаклиевска блеска на 72 години - Издоминира во мини фустан на фестивал во Белград (видео)
- Детали
- среда, 29 април 2026
„Каква божествена жена! Единствена Маја, не само поради гласот кој се препознава меѓу светски изведувачи, туку поради искрената, длабока душа што ја носи во себе“, напиша младата пејачка Ана Петановска, која ја делеше сцената со Маја во Белград.

Една од омилените македонски пејачки, Маја Оџаклиевска (72), последниве години ретко се појавува во јавноста за да даде интервју или да настапи пред голема публика.
Токму затоа нејзиното појавување на престижниот фестивал Beogradsko Prolece, предизвика огромно внимание во јавноста.
Маја беше пречекана со огромен аплауз, овации, но и со восхит меѓу колегите, особено оние од помладата генерација.
На фестивалот настапија и нашите Драган Мијалковски и Ана Петановска, која не ја пропушти можноста да се дружи и да се фотографира со Маја.
Фото: Инстаграм
Таа ги објави фотографиите на Инстаграм, каде што напиша:
„Од многуте импресии од Белград викендов, морам да издвојам - Каква божествена жена!
Единствена Маја, не само поради гласот кој се препознава меѓу светски изведувачи, туку поради искрената, длабока душа што ја носи во себе.
Милост, храброст, хумор, длабочина и автентичност на едно место спакувано со глас што буквално ти буди чувства во срцето внатре што само Маја Оџаклиевска може да ги изнесе!
Едноставно неверојатна! Тешка царица! Благослов за луѓето околу неа“.
Фотографија со Маја објави и пејачот Горан Наумовски, кој исто така присуствуваше на фестивалот.
„Посебна априлска ноќ во Белград. Драги пријатели, легендарни уметници и магијата на Beogradsko Prolece“, напиша Горан.
А Маја, освен што воодушеви со пеењето, како и секогаш, издоминира и со изгледот.
На 72 години, таа носеше мини црн фустан со чизми над колена и изгледаше одлично.

Кликнете на видеото за да го погледнете нејзиниот настап:
А. Ј. | Црнобело