Љубов во Берлин! Катарина Ивановска ужива со саканиот - прошетки низ музеи, тартар бифтек и пиво
- Детали
- вторник, 05 мај 2026
Парот посети музеи, познати туристички локации, се дружеа со свои пријатели кои живеат таму, а не пропуштија да седнат и на пиво, но и на тартар бифтек, јадење кое се смета за врвен специјалитет.

Интернационалниот топ модел, а од неодамна и претприемач (со бизнис за продажба на накит), Катарина Ивановска, е на патување во Берлин.

Таму е со партнерот Стефан Ханџиски, со кого е во врска околу две години.

Ова е едно од многуте патувања на парот, кој претходно беше во Дубаи, Амстердам, Рим, Атина и на многу други дестинации.

Овој пат, Катарина на својот Инстаграм објави неколку фотографии од патувањето и со своите следбеници сподели дел од нивните доживувања.

Парот посети музеи, познати туристички локации, се дружеа со свои пријатели кои живеат таму, а не пропуштија да седнат и на пиво, но и на тартар бифтек, јадење кое се смета за врвен специјалитет.

Катарина, како и секогаш, воодушеви со стилот - од елегантни до спортски комбинации, зависно од местата што ги посетуваа.
