Маја Кикириткова е разочарана од Амалфи и Поситано: „Многу гужви, а сорбе од лимон е 20 евра, па 60 завршија во канта“
- Детали
- понеделник, 18 мај 2026
„Поситано и Амалфи гужви и исфорсирани, не можам ни да замислам што се случува таму преку лето“, вели Маја Кикириткова и разочарано ги доловува турканиците од туристи на тесните улички на овие магични, инстаграмџиски места, како и „плажите“ со лежалки на платформа во Соренто.

Соренто, Поситано и Амалфи се едни од најпознатите крајбрежни места на Амалфи брегот во јужна Италија, познати по шарените куќи на карпи, тиркизното море и медитеранската атмосфера.

Соренто е најголем и одлична база за истражување, Поситано е најфотографираниот и луксузен, а Амалфи е историски град со катедрала и традиционален италијански шарм.

Маја Кикириткова периодов е сместена во Неапол, а оттаму со две свои пријателки ги посети овие места.
Маја на Инстаграм сподели:
„Денешниот ден беше резервиран за Соренто, Поситано и Амалфи.
Од моја перспектива, Соренто мирен и тивок, баш по мој вкус, Поситано и Амалфи гужви и исфорсирани, не можам ни да замислам што се случува таму преку лето“.


Таа сподели дека не е восхитена од нив поради тоа што гужвите не ѝ дозволуваат да ужива како што очекувала, исто така забележала дека дел од хотелите се сместени навистина високо на карпа и одењето оттаму до плажа во лето би било научна фантастика, поради преголемиот број на туристи.


Маја откри дека пробала и сорбе, и иако го платила 20 евра, воопшто не е задоволна и со другарките буквално го фрлиле во канта за отпадоци и со тоа фрлиле вкупно 60 евра.


