Тамара Тодевска (41) роденденски на плажа со саканиот Лука, Лила со стара фотка без филтри: Што прават нашите ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2026
Eлена Најдоски ужива во Италија со сопругот Бојан во специфичен аутфит од провидна тантела, Ивона Јо доби љубовна порака од сопругот: „Понекогаш еден човек е доволен за да му даде ново значење на целиот твој живот...“, а лото девојката Кристина Димитри блесна во жолт фустан.

Во време кога убавината, за жал, на моменти се мери во Инстаграм филтри, естетски корекции и операции, Лила се потсети на минатото кога убавината беше поприродна и немаше ниту филтри, ниту специјално направени веѓи со разни современи методи.
Тамара Тодевска пак ужива во роденденот, а убавите мигови ги дели со саканиот Лука.
Што прават нашите ѕвезди деновиве?
Лила Филиповска објави стара фотографија од себе и напиша: „Пред 16 години, немавме ни веѓи, ни филтер“

Тамара Тодевска уживаше со саканиот Лука на плажа, еден ден пред родеденот, додека тој ја фотографираше...
Денес (01.06) Тамара слави 41-ви роденден, а Лука ѝ честиташе на Инстаграм со низа заеднички фотки од нив



Кики Мукаетова прослави матура, а објави и стара фотка од основно училиште, по повод завршување на ова поглавје во животот

Eлена Најдоски ужива во Италија со сопругот Бојан


Ивона Јо доби љубовна порака од сопругот: „Понекогаш еден човек е доволен за да му даде ново значење на целиот твој живот...“
Елена Ѓорговска ужива во Белград

