Марија и Бојан од Eye Cue правеа свадба на плажа во Полихроно - пејачката го покажа трудничкото стомаче во кратка венчаница
- Детали
- понеделник, 08 јуни 2026
Свадбата во Грција ја направија неполн месец по венчавката во Скопје - Марија избра кратка венчаница од тантела, а Бојан носеше елегантен костум во крем боја.

Марија и Бојан од музичкото дуо Eye Cue направија свадба на плажа во Полихроно, Грција, три недели откако се венчаа во Скопје.

За свадбата, на која присуствуваа најблиските и најдраги луѓе на парот, Марија избра кратка венчаница од тантела, додека Бојан носеше елегантен костум во крем боја.

Меѓу гостите на свадбата беа Сара Мејс и Димитар Атанасовски.

Хотелот во кој правеа свадба, пак, беше украсен во сино со морски мотиви, и со портокалови детали - гербери во портокалова боја, мадарини, портокали...

Свадбената торта беше со прелив од чоколадо и украсена со неколку прскалки.

Од хотелот објавија неколку фотографии и видеа од свадбата, но и декорациите, па им испратија порака нивната љубов „секогаш да е длабока колку морето“.
„Eye Cue ја продолжија свадбената магија со уште една незаборавна веселба, овој пат на плажа, покрај морето, во нашиот Ал Маре Хотел.
Вечер исполнета со љубов, музика, емоции и прекрасна атмосфера под ѕвездите. Нека им е вечна љубовта!“, пишува на Инстаграм.

За потсетување, парот во средината на мај направи венчавка во Скопје, само неколку дена откако открија дека Марија е бремена и дека наскоро ќе станат родители.
Повеќе фотографии:


