Љупка Митрова блеска со елеганција во Венеција - се вози во бротче со стапалата во скут кај сопругот, се фали со Chanel ќесите
- Детали
- среда, 01 јули 2026
Со високи потпетици и, но и Chanel влечки на нозете, Љупка ужива во Венеција со сопругот Георги, а добија и десерт со напис: „Среќна годишнина“. Парот направи свадба лани во Грција.

Инфлуенсерката и сопственичка на модниот бренд Mitroff, Љупка Митрова и нејзиниот сакан Георги, на 25.05.2025 направија раскошна свадба во Грција, а сега, по малку повеќе од една година, уживаат во љубовта како и првиот ден, на патување во Венеција.

Љупка се појави во неколку елегантни изданија, па од возење со бротче, уживајќи со стапалата ставени во скутот на саканиот, до вкусување на неверојатни оброци низ врвни ресторани, таа ужива со полн здив.



Таа ги покажа и Chanel ќесите, а позираа и бакнати со саканиот.

На една од фотографиите има и напис на десерт: „Среќна годишнина“.

Повеќе фотки од Љупка во Венеција:


