Нова вознемирувачка случка во Скопје: Девојче тепа врсничка на улица, момчиња „навиваат“ - јавноста згрозена

Еден коментар, пак, вели:

„Наместо родителите да поминуваат часови на социјалните мрежи, натпреварувајќи се кој ќе објави подобра фотографија од одмор, кој кого прошетал, кој каде бил и што направил, наместо постојано да се занимаваат со туѓите животи и туѓите избори, можеби е време тоа внимание да го насочат кон сопствените деца и нивното воспитување.

Она што денес го гледаме кај дел од младите е загрижувачко. Чест на исклучоците, но сè почесто сме сведоци на непочитување, омаловажување, навреди, насилство, недостаток на емпатија, себичност и целосно искривени вредности. Се создава генерација на која лајковите и прегледите ѝ стануваат поважни од човечноста, а понижувањето на другите – средство за забава и популарност.

Ова не е само проблем на децата. Ова е и проблем на општеството, на семејството и на воспитувањето. Децата не се раѓаат без емпатија – тие учат од она што го гледаат дома, од примерите што им се даваат и од вниманието што им се посветува.

devojchinja-vo-skopje-udiraat-shamari-na-vrsnichka-shto-klechi-na-asfalt-kjuti-da-slushame-kako-kje-puka-voznemiruvachko-video-03_copy.jpg

Ова што се случува е срамно, бедно и поразително. Насилството не смее да биде забава, понижувањето не смее да биде содржина, а туѓата болка никогаш не смее да биде причина за аплауз.

Запрашајте се искрено: дали како родител би сакале вашето дете да биде на местото на тоа девојче? А вие, како млади луѓе, дали би сакале токму вас да ве снимаат, да ве тепаат, да ве понижуваат и вашата болка да стане средство за собирање лајкови и прегледи?

Знам дека еден коментар нема да го промени светот. Но молчењето сигурно нема да промени ништо. Затоа секој од нас има обврска да зборува, да осуди и да не остане рамнодушен. Ако барем кај еден родител се разбуди свеста да му посвети повеќе време на своето дете, а кај едно дете се разбуди совеста да не биде насилник, тогаш вреди да се зборува.

Затоа што денес е нечие туѓо дете. Утре може да биде нашето!“

Својот револт го изрази и Антониа Гиговска, која побара сите учесници во малтретирањето да бидат казнети.

„Дали е ова нормално? Итно да се преземат сите мерки, ова е ужас! Дарија? Мава шамар! Овој позади вика 'Ќутете да слушнам како ќе пукне'. Не ми се верува...“

devojchinja-vo-skopje-udiraat-shamari-na-vrsnichka-shto-klechi-na-asfalt-kjuti-da-slushame-kako-kje-puka-voznemiruvachko-video-02_copy_copy.jpg

Вознамирувачкото видео во продолжение:

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава