Нова вознемирувачка случка во Скопје: Девојче тепа врсничка на улица, момчиња „навиваат“ - јавноста згрозена

„Ќутете, како ќе пука! Ќутете! Ајде! Оооооо! Уште еднаш со бокс!“, се слуша гласот на момче, кое наместо да го одбрани девојчето, снима и ја разгорува ситуацијата што се случува во населбата Аеродром.

nova-voznemiruvachka-sluchka-vo-skopje-devojche-udira-vrsnichka-shto-klechi-na-ulica-momchinja-otstrana-navivaat-da-prodolzhi-da-ja-tepa-01_copy.jpg

Малтретирањето меѓу децата постоело отсекогаш, но се чини дека во последно време зема сè поголем замав, а тинејџерите како да уживаат да ги понижуваат врсниците.

По неодамнешниот случај кога девојчиња во населбата Ѓорче Петров малтретираа соученичка и ја тераа да лиже измет, сега се појави ново вознемирувачко видео.

На Инстаграм профилот @roberto_navali_news е објавена снимка која повторно предизвика негативни реакции во јавноста, а по што се бара институциите да реагираат веднаш за да се најдат сите што малтретираат и тепаат своја врсничка.

На видеото пишува дека е направено во скопски Аеродром и иако е заматено, се гледа и слушаат коментарите кои предизвикаа револт кај сите што го погледнаа.

Девојчиња спуштат на асфалтот врсничка која им се извинува, па едната од нив ја прашува дали сака да ја натепа.

Иако малтретираното девојче вели не, неколку десетина деца снимаат со своите мобилни телефони и „навиваат“ таа да ѝ удри шамар.

devojchinja-vo-skopje-udiraat-shamari-na-vrsnichka-shto-klechi-na-asfalt-kjuti-da-slushame-kako-kje-puka-voznemiruvachko-video-02.jpg

„Ќутете, како ќе пука! Ќутете! Ајде! Оооооо! Уште еднаш со бокс!“, се слуша гласот на момче, кое дополнително ја разгорува ситуацијата.

Во видеото се гледа и како малтретираното девојче пробува да си оди, но девојката која веќе ѝ удри неколку шлаканици, ја трегне за косата и повторно ја удира.

„Не треба да им се кријат лицата, да се покажат какви гнаси од деца се и какви родители не ги воспитале“,

„Замолувам да се објави овој што кажува Ќутете за да слушнеме како ќе пука. Гнаси, сè доаѓа од дома“,

„А машките навиваат наместо да ги штитат девојчињата“, се дел од коментарите.

devojchinja-vo-skopje-udiraat-shamari-na-vrsnichka-shto-klechi-na-asfalt-kjuti-da-slushame-kako-kje-puka-voznemiruvachko-video-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава