„И порано се тепаа деца, ама секогаш се наоѓал некој да раздвои“ – Реакции по случката со врсничко насилство во Скопје

„Иако многу многу поретко, се случувало и порано да се степаат деца. Женско со женско, машко со машко, еден на еден. Скубење за коса, некое кошкање меѓу машките на земја, по некоја клоца кога ќе се степаа група деца. Толку. Скоро секогаш се наоѓало некое друго дете кое се обидува да ги раздвои, и успевало во тоа. Што е ова сега? Во што сме ги претвориле децата? Какви се овие мини монструми?“

i-porano-se-tepaa-deca-ama-sekogash-se-naogjal-nekoj-da-razdvoi-reakcii-po-sluchkata-so-vrsnichko-nasilstvo-vo-skopje-01.jpg

Македонската јавност повторно е згрозена, по нов случај на врсничко насилство, што се случило во скопски Аеродром, а вирално се прошири на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како малолетничка удира друго девојче со шлаканици и ја кубе за коса, додека околу нив се собрани други девојчиња и момчиња, кои навиваат и снимаат наместо да помогнат.

Од МВР известија дека се работи на случајот, извршен е разговор со две малолетнички и се преземаат активности за целосно расчистување. 

Сите се револтирани и зачудени од однесувањето на младите, а во јавноста се бара одговорност и поголема контрола од страна на службени лица за ситуацијата низ улиците.

На социјалните мрежи се коментира случката и има силни реакции за недоличното однесување.

Дел од нив пренесуваме во продолжение:

Ирина Камилоска

„Најискрено кажувам, да не даде Господ мое дете да доживее вакво нешто. јас лично ќе се погрижам да ги воспитам сите инволвирани!

Душа ми се стресе за девојчево, само она знае како се чувствувала беспомошно во овие моменти. Срам и арам да ви е на сите што снимавте и тепавте!

Пу јазк и на вас и на вашите родители!“

i-porano-se-tepaa-deca-ama-sekogash-se-naogjal-nekoj-da-razdvoi-reakcii-po-sluchkata-so-vrsnichko-nasilstvo-vo-skopje--.jpg

Стефан Спирковски

„Најстрашно е што ова се случува уште од мали нозе. Ако денес насилството им е забава, а туѓата болка содржина за снимање, какви луѓе ќе станат утре?

За вакви работи не смее да се молчи“.

i-porano-se-tepaa-deca-ama-sekogash-se-naogjal-nekoj-da-razdvoi-reakcii-po-sluchkata-so-vrsnichko-nasilstvo-vo-skopje.jpg

Калина Коси

Иако многу многу поретко, се случувало и порано да се степаат деца. Женско со женско, машко со машко, еден на еден. Скубење за коса, некое кошкање меѓу машките на земја, по некоја клоца кога ќе се степаа група деца. Толку. Скоро секогаш се наоѓало некое друго дете кое се обидува да ги раздвои, и успевало во тоа. Некогаш веднаш ќе си пружеа рака, некогаш ќе се смиреа после саат два, некогаш ќе останеа скарани, ама и двајцата со свиткани глави од страв, да не дознаат мама и тато. А кога ќе дознаеа, од школо, реонскиот полицаец кој пред да те каже малку ќе те „подбере“ или од комшилук, особено ако си крив, прво ќе си добиеше една добра „воспитна“ дома за памтење, па ќе те фатеа за рака и ќе те тупосаа пред другото дете и ќе те натераа да му се извиниш, сакал ти или не! И немаше да ти текне друг пат со некого да се рчкаш! Така се правеше тоа!

Што е ова сега? Во што сме ги претвориле децата? Какви се овие мини монструми? Состојбава сите сериозно треба да не загрижи! Овде не се работи за тепачки од типот „му се налутив, во лутината го удрив“. Овде се работи за смислени сценарија на агресивни филмови кои се снимаат во живо, кои се планираат предвреме, во кои главниот насилник е херој кој гордо се објавува по социјалните мрежи! Ова што го гледаме е длабоко нарушување во личноста на децата кое тешко се лечи. Не се граничи, туку е класично однесување на психопати и садисти кои буквално уживаат, се смеат, исчекуваат и бараат што е можно погрозоморно насилство, понижување и измачување на жртвата. Да се смееш кога некој лиже измет, клечи на колена и моли, ти течат лиги кога на некој му тече крв, и да навиваш и бараш уште еднаш да удри, и да викаш „ќути, да слушнеме како ќе пукне, ај сега бокс, малку и е“? Тоа е сериозна психијатриска дијагноза за лекување во болница! И на тој што удира и на тој што навива, нема разлика во забеганоста!

Што чекаат институцииве јас стварно не разбирам! Баш ги заболе психопатчињата за казната од 250 евра! Ќе ја платат мама и тато! Вратете ги реонските полицајци. Да ги стават под контрола децава психопати, кои малтретираат и се изживуваат врз послаби, вриштат, пцујат, кршат клупи во 3 сабајле без око да им трепне. Заостри ги казните. Праќај во поправни домови се што се покажало мрднато и болно. Баталете парични казни, права на деца, чуда, врагови, глупости. Одврзи им ги рацете на полицајците малку, нека поседи монструмчето неколку дена во станица затворено во 4 ѕида, да види како е. А кога ќе излезе, удри му задолжителна казна од минимум 3 месеци да мете улици и да собира ѓубре секој ден, на сонце, на пеколот, на пороен дожд и град или на минус сред зима! Па ќе зборуваме тогаш дали ќе има ефект или нема да има! И тоа како ќе има!

Што правиме луѓе? Чекаме да пораснат овие во серијски убијци или што? Ригорозни мерки под итно!

Едина Муса

Какви ли родители израснале вакви ансилници? Родителите се криви за сè.

Само несреќни, тепани, малтретирани, запоставени деца можат волку гнев и насилство да носат во себе. Среќно дете никогаш вака не би постапило...

Под итно да се преземе нешто! а јас да сум мајката на ова девојче, тешко на децава и на нивните родители!

i-porano-se-tepaa-deca-ama-sekogash-se-naogjal-nekoj-da-razdvoi-reakcii-po-sluchkata-so-vrsnichko-nasilstvo-vo-skopje-07.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...

Најчитани неделава