Столе Димитриевски и сопругата уживаат на меден месец во Палермо, по раскошната свадба во Скопје
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
Столе и Ирина како дестинација за своето свадбено патување го избраа Палермо, во Италија, а престојуваат во луксузната Villa Igiea, која се наоѓа на морски брег и од која се пружа прекрасен поглед.

Откако на крајот на јуни направија раскошна свадба во Скопје, голманот на нашата фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски и неговата сопруга Ирина, сега уживаат на својот меден месец.

Тие како дестинација за своето свадбено патување го избраа Палермо, во Италија, а престојуваат во луксузниот хотел Villa Igiea, кој се наоѓа на морски брег и од која се пружа прекрасен поглед.

Парот ужива и во прошетките низ градот, но посетија и музеи, вили стари неколку века, а Ирина објави неколку фотографии на својот Инстаграм.

„На меден месец“, напиша таа, а доби комплименти дека е прекрасна.

За потсетување, Ирина и Столе се венчаа во декември 2025 во Шпанија, а откако заврши фудбалската сезона и обврските што тој ги имаше со репрезентацијата ова лето, парот правеше и голема свадба во Скопје.

Тука прво имаа црковна венчавка, а потоа прослава во ресторан. Меѓу гостите беа и голем број фудбалери (сегашни и поранешни) од репрезентацијата.

Погледнете ги фотографиите:


