Мојата добра финансиска одлука, ја направив за семејството!

mojata-dobra-finansiska-odluka-ja-napraviv-za-semejstvoto.jpgСлободан од Скопје важи за смирен, стабилен човек, вработен, сопруг и татко на две дечиња, кои се неговата најголема гордост. Токму затоа, тој многу внимава кога се работи за одлуките поврзани со домашниот буџет. Внимателно ги анализира опциите кои му стојат на располагање, ги споредува ризиците и можностите за заработка, па потоа донесува одлука. Но, една работа Слободан никогаш не ја менува. Без оглед на сѐ, тој размислува  долгорочно! Ги ислушува размислувањата на другите, ама пресекува по сопствено убедување. Пример за фамилијарен човек, кому иднината и сигурноста на неговите деца се на прво место, без конкуренција.

Имам месечни приходи кои ми дозволуваат да создадам мала заштеда, вели Боби, но тие средства сакам ем да бидат сигурни, ем полека да се оплодуваат. Затоа, кога размислувам за  вложување, секогаш водам сметка да „ги распределам јајцата во повеќе кошници“. Имам нешто пари во банка, но таму денес се многу ниски каматите, па тие ги чувам за евентуално нешто непредвидено да не искрсне, колку да не седат дома да ги мислам. Имам и полиса за животно осигурување за не дај боже, а последниве години најмногу се ориентирав кон вложување во реномирани странски компании. И за тоа не ми требаат многу пари, туку го правам малку по малку, но континуирано секој месец. Во фонд што вложува во големи светски компании склучив договор за програмирано месечно вложување за да можам да активирам траен налог, па сега уплатите си одат автоматски од плата.

Малце ми звучи чудно кога го кажувам, ама преку фондот поседувам акции од компании како Coca Cola, Google, BMW и други ТОП БРЕНДОВИ. Она што е ми важно е што вложувањата се интернационално, во различни валути, па мојата заштеда не зависи толку од нестабилните домашни случувања кај нас. Порано се плашев од акции, мислев дека е тоа коцка и можам да ги загубам тешко спечалените пари, но откако малку се едуцирав, прочепкав на интернет и се консултирав со финансиските советници во КД Фондови, последнава година се ориентирав само во вложување во акции, бидејќи иако нивната вредност е променлива низ времето, долгорочно остваруваат стабилна заработка. На пример, компанијата Coca Cola исплаќа дивиденда уште од далечната 1920 година, а исплатениот износ константно го зголемува во последните 50 години.

Следејќи го моето искуство, на пријателите им советувам да не ги затвораат сите пари во банка или недвижен имот. Инвестициските фондови имаат долгогодишна историја на зголемување на капиталот на своите клиенти, ги пласираат нивните средства во хартии од вредност кои континуирано заработуваат дивиденда, па дури и во кризни периоди. Создадете им на децата нешто вредно, нешто што утре ќе им обезбеди престижно школување или ќе им помогне да застанат на свои нозе.  

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg