Иднината на технолошкиот напредок со Неотел

(Скопје, 04.04.2017) – Развој на нови и постоечки производи, унапредување на технолошките капацитети и континуирано инвестирање во преносната и пристапната оптичка и безжична мрежа до крајните корисници насекаде низ земјата, се главните карактеристики и фокус на Неотел. Oснован со македонски капитал, Неотел во својата работа се истакнува со квалитетна услуга и производи кои се актуелни на светскиот пазар и нуди комплетно решение за секој корисник и бизнис.

idninata-na-tehnoloshkiot-napredok-so-neotel-01.png

Како компанија што повеќе од десет години е дел од телекомуникацискиот пазар во Македонија и која се труди да го следи технолошкиот развој скоро во реално време, имплементирањето на трендовите од глобалниот пазар и адаптирањето на локалниот, е наша преокупација и воедно обврска. Сите овие напори имаат две цели, да понудиме производи за нашите приватни и деловни корисници, во согласност со нивните варијабилни потреби и тоа да го направиме преку врвна и квалитетна услуга. Токму затоа иновативноста во развивање нови производи и технолошкиот напредок остануваат наша определба и за понатаму“, изјави Трајче Черепналковски, Генерален извршен директор во Неотел.

idninata-na-tehnoloshkiot-napredok-so-neotel-1.png

Неотел континуирано создава нови и ги развива своите имплементирани производи и понуди, како за приватните, така и за деловните корисници. Со развивање на технолошките капацитети, истовремено континуирано се инвестира во пристапната оптичка мрежа до крајните корисници насекаде низ земјата, како и во надградување на безжичниот интернет пристап од WiMax во LTE технологија. Во однос на интернет капацитетите, Неотел е независен на македонскиот пазар располагајќи со повеќе меѓународни интерконекции преку сопствени оптички линкови што на крајните корисници им гарантира сигурен проток на интернет податоци и сигурно поврзување со светот. Покрај тоа, Неотел како компанија за клиентите ги става на располагање своите дата центри распоредени на повеќе локации низ државата. Истите, покрај редовните хостинг услуги, на своите клиенти им нудат колокациски простор со обезбедена 24/7 техничка поддршка како и најсовремени Cloud услуги.

idninata-na-tehnoloshkiot-napredok-so-neotel-2.png

Сериозните инвестиции во инфраструктурата, технологијата и знаењето, овозможуваат Неотел да е позициониран и на регионалниот пазар со свое директно присуство во повеќе центри, како во регионот, така и во Европа. Ова овозможува Неотел да нуди бројни сервиси за телеком оператори, меѓународни институции, банки, како и за различен тип меѓународни корпорации.

Како дел од својата комплетна услуга кон деловните и приватни корисници, тимот во Неотел се одликува со високи стручни познавања од областа на технологијата и телекомуникациите и постојана достапност за потребите на корисниците. Соработката која што Неотел ја има со стручните факултети во земјата овозможува за компанијата постојано да има нов, свеж кадар, дипломци кои што се обучуваат при самата работа и придонесуваат за развој на напредни технологии.

idninata-na-tehnoloshkiot-napredok-so-neotel3.png

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава