Фармацевтската компанија РОШ Македонија претставува нов лек за хематолошки малигнитети на Вториот Македонски конгрес за Хематологија

18 април е првиот ден од Вториот македонски конгрес за хематологија  во организација на Македонското здружение за хематологија, што се одржува во периодот 18-20 април 2017 година, во хотел Мериот, Скопје.  На конгресот ќе учествуваат околу 25 еминентни експерти од Европа и Америка, а  најавена е посетеност од повеќе од сто здравствени работници од Р.Македонија. Програмата на конгресот е дизајнирана да биде стимулативна и интерактивна, со едукативна содржина со цел да се по­до­бри­ ра­на­та ди­јаг­но­сти­ка и ис­хо­дот од трет­ма­нот на пацинетите со хематолошки малигнитети, преку еду­ка­ци­ја на здравствените работници за бенефитите на најсовремената терапија за хронична лимфоцитна леукемија и индолетни лимфоми, како и поволностите од овие терапии за пациентите и за здравствениот систем.

farmacevtskata-kompanija-posh-makedonija-pretstavuva-nov-lek-za-hematoloshki-maligniteti-na-vtoriot-makedonski-kongres-za-hematologija-01.jpg

Генерален спонзор на овој Конгрес е фармацевтската компанија РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје, која што во склоп на самиот конгрес ќе има два настани на 19ти април, од кои што едниот е едукативен симпозиум  за унапредување на третманот на пацинетите со фоликуларен лимфом: како да ги имплементираме податоците од клиничките студии во секојдневната пракса, а вториот е промотивен настан посветен на  Gazyva, производ на РОШ којшто претставува супериорен третман на малигнитет на Б-клетки (ХЛЛ, фоликуларен лимфом) преку подобрување на исходот од третманот за пациентите .

‘Присуството на повеќе од 17 години на Рош во Македонија се основа за долготрајна историја во оваа земја и за постојана соработка за подобрување на македонското здравство. Наш најголем придонес кон подобрувањето на здравството е развивањето на подобри лекови и дијагностички тестови. Но пациентите би имале корист од нив само доколку тие им бидат достапни.  За да се оствари оваа визија, ние мора да работиме во партнерство со македонската Влада, со здравствените власти, инвеститорите, невладините и другите организации на сите можни нивоа. На тој начин македонските пациенти ќе имаат пристап до иновативните решенија за спасување животи, што пак, од друга страна, ќе доведе до поздрави и попродуктивни граѓани. Подготвени сме да продолжиме со инвестирање во повеќе сфери, како што е поддршката за обука на здравствениот кадар, но и со подобрување на здравствената инфраструктура во Македонија во корелација со потребите и налагањата на здравствените институции’, истакна директорот на Рош Македонија, г. Уфук Апајдин. 

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...

Најчитани неделава