Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење
- Детали
- среда, 29 октомври 2025
Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната приказна за климатска акција!

Софија Гетова и Анкица Соколиќ од Колектив Зет, оваа година ја организираa Првата Локална Конференција за Клима 2025 за млади за (LCOY), поддржана од YOUNGO – официјалната младинска група на UNFCCC (Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени).
Секоја година, неколку дена пред одржувањето на големата Конференција на ОН за климатски промени (COP), младите од целиот свет се собираат на Глобалната конференција на млади (GCOY), каде ги формулираат своите ставови и барања за иднината на планетата. За првпат, Македонија имаше свое место во овој процес преку LCOY конференцијата, одржана во јуни во Скопје оваа година.
Младите како двигатели на промената што сите ја посакуваме
Конференцијата беше оддржава во Europe House во Скопје, на која учествуваа 50 млади од сите краеви на земјата, и заедно дебатираа за најитните климатски предизвици со кои се соочува нашата земја.
Преку интерактивни сесии и интензивни презентации и тренинзи, тие се запознаа со UNFCCC процесот, Парискиот договор, и со обврските што нашата земја се има обврзано, за да можат поинформирано и поодговорно да бараат акција, одговорност од носителите на одлуките и вистински праведни промени кои се итно потребни.
Оваа Прва Младинска Конференција за Клима LCOY имаше три тематски целини:
1. Разбирање на глобалниот климатски систем – што претставува UNFCCC и каква е улогата на Македонија.
2. Локални климатски предизвици и решенија – од загадувањето на воздухот и енергетската транзиција, до биодиверзитет, управување со отпад и климатска правда.
3. Младинско учество и застапување – како младите можат колективно да влијаат на одлуките од локално до меѓународно ниво.
Конференцијата беше поддржана од UNICEF мк и имаше и експертска и логистичка поддршка од УНДП, Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање, Europe House Скопје, ЛЕАД, CАN Europe, Центар за Климатски Промени, Екосвест, Македонско Еколошко Друштво, Македонско Здружение на Млади Правници и Националниот Младински Совет Македонија, како и многу други независни експерти за клима и животна средина.
Главниот резултат од неа е историски! Беше креирана Првата Национална Младинска Изјава за Клима на Македонија (National Youth Statement 2025), токму од самите млади.
Националната Младинска Изјава: Гласот на македонската младина што одекнува глобално
Оваа изјава ќе биде презентирана на Глобалната Младинска Конференција за Клима (GCOY ’25), што ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Белем, Бразил, непосредно пред COP30.
Со тоа, Северна Македонија за првпат ќе има свој официјален младински став, кој ќе биде дел од Глобалната Младинска Изјава, заедно со уште 106 земји од целиот свет.
Клучната порака на македонската изјава гласи:
„Замислуваме Македонија која придонесува за мирот, ја штити и негува животната средина и ги поддржува правата и достоинството на сите народи. Усогласувањето на нашите инвестиции и надворешна политика со овие принципи не е само морален императив, туку пат кон посигурна, поправедна и одржлива иднина за генерациите што доаѓаат.“
Зошто ова е важно за мала земја како Северна Македонија?
Во светот на климатските преговори, малите земји често остануваат без глас, поради ограничени ресурси и репрезентација и моќ.
Токму затоа, ваквите иницијативи се од клучно значење и тие создаваат младински капацитет, вмрежување, и влијание кое го надминува локалното ниво. Со ова, нашата држава испраќа јасна порака:
Големината на земјата не ја определува големината на нејзиниот придонес кон иднината на планетата, како и кон праведниот развој на една земја.
Од локално до глобално ниво, младите го носат гласот на Северна Македонија дури во Бразил
Во ноември, Анкица Соколиќ и Софија Гетова ќе ја претставуваат Македонија на GCOY ’25 и COP30 во Белем, Бразил, каде ќе го споделат гласот и барањата на македонската младина пред глобалните лидери.
Нивното присуство е доказ дека кога младите се слушнати и поддржани, можат да создадат вистинска промена , не само во својата земја, туку и на светската преговарачка сцена.
Ова е почеток на едно ново поглавје за климатската акција во Северна Македонија. Поглавје во кое младите не се само сведоци, туку вистински носители на праведни и вистински промени.
Прочитај ја Националната Младинска Изјава на овие линкови:
-Националната Младинска Изјава на македонски јазик
-National Youth Statement in English
-Националната Младинска Изјава на албански јазик
Повеќе информации околу терминологијата и објаснувања за UNFCCC, COP и COY можете да прочитате на Колектив Зет Инстаграм профилот.
