Витаминка со нов корпоративен штанд изложува на Саемот Worldfood Москва

(Прилеп, 18.09.2018) – Прилепска Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018. На четиридневниот саем, Витаминка го промовира и новиот, модерен корпоративен штанд.

vitaminka-so-nov-korporativen-shtand-izlozuva-na-saemot-worldfood-moskva-01.jpg

Ова е трето присуство на компанијата на московскиот саем. Извозот на производите на Витаминка се одвива континуирано веќе 5 години, со што руските потрошувачи се веќе добро запознаени со нивниот квалитет.

За Витаминка, иако овде изложува по трет пат, можностите што ги отвора овој саем се големи, затоа што како специјализирана манифестација секое издание носи нови посетителите. Тука се присутни најголемите извозници на храна во Руската федерација и токму заради специфичната публика, саемот изобилува со низа трибини, промоции и презентации. Исто така, важи за најголема берза за храна во овој дел на светот. Предностите од присуството се протегаат од контакти и можни договори и партнерства, па се до стекнување нови знаење и запознавање со последните трендови во прехранбената и кондиторската индустрија“, изјави директорот на Продажниот сектор-Извоз, Љупчо Велески.

vitaminka-so-nov-korporativen-shtand-izlozuva-na-saemot-worldfood-moskva-02.jpg

Саемот Worldfood привлекува огромна публика и е посетуван пред сè од страна на професионалци и претставници од трговијата на големо и мало. Присутни се дистрибутери, производители, сопственици на ланци ресторани и супермаркети, и е одлична можност за промовирање нови производи. Бројките од минатогодишните изданија говорат за растечката популарност. Во 2017 година имало 1 516 изложувачи од 62 земји и 29 900 посетители.

vitaminka-so-nov-korporativen-shtand-izlozuva-na-saemot-worldfood-moskva-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...

Најчитани неделава