Која е македонската иновација која го освојува кинескиот пазар?

Најновата колагенска линија на Виталиа е избрана мегу неколкуте најиновативни производи во конкуренција со продукти од целиот свет кои ќе се  претстават на меѓународниот саем SIAL во Шангај, Кина.

koja-e-makedonskata-inovacija-koja-go-osvojuva-kineskiot-pazar-01.png

Овој реномиран македонски бренд за здрава храна ќе ги изложи своите иновации на специјален штанд во склоп на саемот и официјално на 14ти мај оваа година.

Со самиот овој избор Виталиа истовремено се здобива со признанието SIAL INNOVATION SELECTION 2019 чие лого може да го аплицира на своите производи и промотивни материјали, а кое понатаму го олеснува пласманот на самиот производ на кинескиот пазар.

Колагенската линија е најновата иновација на Виталиа која набргу по светската промоција во Шангај ќе биде промовирана и на саемот PLMA Амстердам, а потоа достапна и за потрошувачите во Македонија и останатите 55 земји во кои извезува компанијата.

koja-e-makedonskata-inovacija-koja-go-osvojuva-kineskiot-pazar-02.png

Линијата се состои од продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген, нов тренд во функционалната здрава исхрана. Ова е огромно признание за македонската компанија за здрава храна Виталиа, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи според потребите на модерните потрошувачи.

Саемот SIAL Шангај е исклучиво важен  настан на кој се претставуваат иновациите во прехранбената индустрија, а компаниите имаат можност да се презентираат пред милионска публика и претставници од најголемите компании од сите земји во светот, да разменат идеи и да ги следат новите светски трендови. Но најважно од се е да се зајакнат постоечките и да се остварат нови познанства кои ќе помогнат овој македонски бренд уште повеќе да расте.

koja-e-makedonskata-inovacija-koja-go-osvojuva-kineskiot-pazar-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Ребека и сопругот се повредија, по една рака им е во лонгета: „Што ти се вика љубов“ „Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жив...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Скандал во Ѕвездите на Гранд: Вики Миљковиќ тврди дека македонски натпреварувач ја обвинил за барање... „Кандидат во јавноста изнесе тврдења дека наводно сум побарала мито од него, што...

Најчитани неделава