Од 2 мај во сите кина низ Македонија и онлајн на платформата www.cinesqure.net

Најгледаниот детски филм во Данска во последните 25 години „Кариран нинџа“ доаѓа во домашните кина синхронизиран на македонски и албански

od-2-maj-vo-site-kina-niz-makedonija-i-online-na-platformata-www-cinesqure-net-01.jpg

Анимирана филмска авантура за најмладите гледачи од 2 мај приредува продукциската и дистрибутерска куќа „Катавеј“, која минатата и предминатата година успешно ги прикажа детските филмови „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Малиот гангстер“. Годинава го носи најпродаваниот анимиран филм во Данска „Кариран нинџа“, синхронизиран на македонски и на албански јазик. Данскиот комичар Андерс Матесен, кој е и режисер на филмот, ги урна сите рекорди на гледаност со новиот анимиран филм за опседнатата карирана кукла. Со скоро еден милион продадени кино билети, „Кариран нинџа“ влезе во историјата како еден од најпродаваните филмови во данските кина. Не само што Андерс Матесен направил филмски хит, туку и песните од филмот се исто така хитови на данските музички листи.

Приказната е за Алекс, ученик во седмо одделение, кој е вљубен во Џесика, ученичка во осмо одделение. Неговиот однос со полубратот Шон и очувот Џон е напнат. Алекс и неговиот пријател Одисеј на училиште ги малтретира школскиот мангуп Глен од посебните одделенија. Кога вујкото на Алекс, Стјуарт, ќе се врати од патувањето во Тајланд, ќе му донесе специјален подарок – нинџа кукла направена од кариран материјал, која всушност е жива, односно е опседната со стар јапонски дух. Карираниот нинџа му помага на Алекс да се справи со школските проблеми: заедно ќе го победат Глен и Алекс ќе ја освои Џесика. Но, Карираниот нинџа има мисија да му се одмазди на циничниот директор на фабрика за играчки, Филип Еперминт, кој убил дете кое работело во неговата фабрика во Тајланд.

od-2-maj-vo-site-kina-niz-makedonija-i-online-na-platformata-www-cinesqure-net-02.jpg

Алекс не сака да биде дел од оваа крвна одмазда, но ветува дека ќе му помогне на Карираниот нинџа, па почнуваат да се натпреваруваат меѓусебе.  Алекс ќе го научи Нинџата многу важна лекција: дека крвавата одмазда не е ништо друго туку крваво злосторство и постои друг начин на кој може да му се одмазди на криминалецот без да ги извалка рацете. 

Во 2019 година, филмот ја освои наградата за најдобар филм за деца и млади и за најдобро адаптирано сценарио на Роберт фестивалот, беше прогласен за најдобар дански филм на наградите „Зулу“ и беше номиниран за најдобар филм за наградите "Бодил".

За сите што ќе го пропуштат „Кариран нинџа“ во кино или сакаат да го гледаат од удобноста на својот дом, „Катавеј“ нуди можност филмот да се гледа онлајн преку платформата cinesquare.net. Со едноставна регистрација на платформата филмот може да се изнајми по цена од едно евро.

Трејлерот за филмот на македонски јазик можете да го погледнете тука, а на албански јазик тука.

„Катавеј“ по трет пат е организатор на ваков голем проект којшто се реализира во две земји, Македонија и Албанија. Проектот меѓу другото, подразбира и кинопроекции и онлајн прикажиување во двете земји на еден ист филм, синхронизиран на јазикот каде што ќе се прикажува.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

od-2-maj-vo-site-kina-niz-makedonija-i-online-na-platformata-www-cinesqure-net-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...
Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од п... „Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награ...
Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небо... „Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку н...

Најчитани неделава