Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од признанието“
- Детали
- четврток, 26 јуни 2025
„Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награда за најдобар машки актер за ‘Лена и Владимир’ со вас“, напиша битолчанецот Тони Наумовски, кој долги години живее и работи во САД.

Битолскиот актер Тони Наумовски, кој долги години работи во САД, ја доби наградата за Најдобар машки актер, за улогата во филмот „Лена и Владимир“.

Наградата му е доделена на престижниот Indie Film Festival Awards во Њујорк.

„Драги луѓе, возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награда за најдобар машки актер за ‘Лена и Владимир’ со вас, од доделувањето на наградите на Indie Film Festival Awards во Њујорк“, напиша тој.

Филмот „Лена и Владимир“ е работен по сценарио на д-р Симран Ахуја, а во режија на Шариф Синклер.

Тој веќе доби неколку награди и признанија на повеќе фестивали.
?ref=embed_postА. Ј. | Црнобело / Фото: Хидеки Аоно
