Алпско млеко и Вело кафе ве повикуваат на кафе со млеко без лактоза!

alpsko-mleko-i-velo-kafe-ve-povikuvaat-na-kafe-so-mleko-bez-laktoza-001.jpg

Сигурно не постои скопјанец кој не уживал во своето викенд - попладне во Градскиот парк во Скопје, држејќи во раката ароматично кафе или свежо цеден сок од „Вело Кафе“.

Приказната за успешниот и симпатичен бизнис, предводен од Дарко Јовчевски и Димитар Димитровски започнува во (далечната) 2013, што значи дека тие непрестано педлаат и ги усреќуваат скопјаните со услугите кои ги нудат веќе шест години. Ги прават нашите сончеви викенди уште попријатни и радосни и за тоа им благодариме. Градскиот парк во Скопје дефинитивно имаше потреба од нешто вакво! Луѓето, а особено оние помладите повторно се вратија таму, наместо да бидат во околните кафулиња или да го избегнуваат паркот во целост.

alpsko-mleko-i-velo-kafe-ve-povikuvaat-na-kafe-so-mleko-bez-laktoza.jpg

“Во „Вело Кафе“ подготвуваме многу видови вкусни кафиња и свежо цедени сокови со висок квалитет. Преку нашата мобилност им ја овозможуваме на луѓето целосната понуда на еден кафе бар, но на многу понеобични локации. Ние сме енергетски независни  и не емитираме никакви штетни честички во воздухот освен мирисот на свежо подготвено кафе. Се движиме на велосипедски погон, и се грижиме за природата и Градскиот парк“– велат од „Вело Кафе“

Сепак има една група луѓе кои не можат во целост да уживаат во тие прекрасни моменти. Тоа се луѓето интолеранти на лактоза, и на кои една голтка кафе со млеко може да им предизвика тегоби во стомакот кои можат да им го уништи денот. Па затоа Алпско млеко во потрага по начини да им обезбеди лесен ден на сите, се спои со „Вело Кафе“ во заедничка мисија. По тој повод, на 12.05 ве повикуваме во Градскиот Парк, на кафе со млеко без лактоза! За живот без тегоби! За лесен ден!

Би можело да ве интересира:

Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава