Прогласени победниците на петтиот детски ликовен конкурс на Ладна

Дојде и тој момент кога стручната жири комисија на детскиот ликовен конкурс на Ладна конечно пресече и ги одбра најинтересните цртежи на годинeшната тема  „Мојот замислен цртан лик“. И оваа петта јубилејна година  натпреварувањето беше поделено во две категории, деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години.

proglaseni-pobednicite-na-pettiot-detski-likoven-konkurs-na-ladna-001.jpg

Како и секоја година, ликовниот конкурс е од награден карактер, а Ладна обезбеди супер награди за најдобрите цртежи во двете категории кои и тоа:

  • Прво место- 2 тридневни патувања во Дизниленд – Париз
  • Второ место - 2 годишни курсеви за цртање и
  • Трето место - 2 таблети за цртање.

Доделувањето на наградите од ликовниот конкурс на Ладна и отворањето на најголемата изложба на детски цртежи ќе биде на 1-ви јуни (сабота) во 12 часот во Мултимедијалниот центар Мала Станица во Скопје, заедно со Ивце Пивце и Поточиња.

Првонаградените добитници се шестгодишната Ања Вуковиќ од Прилеп во категоријата од 4 до 7 години и седумгодишната Петра Коцев од Скопје во категоријата од 7 до 10 години. Тие заедно со своите семејства ќе отпатуваат во Дизниленд Париз на незаборавно дружење и искуство кое ќе го паметат целиот живот.

proglaseni-pobednicite-na-pettiot-detski-likoven-konkurs-na-ladna-01.jpg

proglaseni-pobednicite-na-pettiot-detski-likoven-konkurs-na-ladna-02.jpg

Втората награда, годишен курс за цртање, им припадна на петгодишната Калина Кираковска од Скопје и деветгодишната Марта Караева од Скопје. 

proglaseni-pobednicite-na-pettiot-detski-likoven-konkurs-na-ladna-03.jpg

proglaseni-pobednicite-na-pettiot-detski-likoven-konkurs-na-ladna-04.jpg

Трето награден во категоријата од 4 до 7 години е Стефан Анѓелески, 5 години од Скопје и Ема Маневска, 9 години од Скопје  во категоријата од 7 до 10 години. Стефан и Ема ќе добијат таблети за цртање за да го развиваат својот талент и понатаму.

proglaseni-pobednicite-na-pettiot-detski-likoven-konkurs-na-ladna-05.jpg

proglaseni-pobednicite-na-pettiot-detski-likoven-konkurs-na-ladna-06.jpg

„Кога за првпат го одржавме детскиот ликовен конкурс започнавме со скромни очекувања, иако се надевавме дека ќе прерасне во една прекрасна традиција. Ако првата година ни пристигнаа околу 500 цртежи, оваа година се соочивме со цифра од околу 2.500 цртежи. Квалитетот на цртежите кои ни пристигнуваа од ден во ден навистина беше на едно високо ниво што пак им ја отежна работата на стручното жири. Им честитаме на добитниците на наградите и им се заблагодаруваме на сите дечиња кои со помош на своите родители или наставници пратија цртежи и учествуваа на конкурсот. Ги покануваме сите дечиња кои учествуваа на ликовниот конкурс да дојдат во Мала Станица, од 1-ви до 10-ти јуни и да ги видат своите цртежи на најголемата детска изложба во земјата.“, велат од Ладна

Повеќе за настанот на следниот линк: https://www.facebook.com/events/2374898319462472/

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...

Најчитани неделава