Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
„Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај пациентка на 58-годишна возраст. Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици, медицината и упорноста можат да создадат неверојатни приказни“, вели тимот од болницата во Битола.

Од Битола во медиумите осамна неверојатна вест... Пациентка од Србија на 58-годишна возраст, која била 5 години во менопауза, сега е бремена со тројка.

Докторите ја вратиле менструацијата и со донирани јајце клетки, успеале во процедурата.

Пациентката е во 9-та гестациска недела, а бременоста ќе се следи во Белград, Србија, од каде ѝ испратила снимки од ехо-прегледот.
Од болницата „Плодност“ велат:
„ЧУДО НА МЕДИЦИНАТА: БРЕМЕНОСТ СО ТРОЈКИ НА 58 ГОДИНИ СО ИВФ
Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај пациентка на 58-годишна возраст.

Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици, медицината и упорноста можат да создадат неверојатни приказни.
Ултразвучниот преглед потврди тројна бременост.

Станува збор за исклучително редок и комплексен случај кој бара внимателно следење и врвна мултидисциплинарна грижа во текот на целата бременост“.


Слушнете го обраќањето на доктор Таше Трпчевски од „Плодност“:
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com