Подгответе се за Пиволенд '11

podgotvete-se-za-pivolend-2011-povekjeКако и претходните три години, Пиволенд повторно е подготвен да ве навлече на слатките фестивалски искушенија со кои од 31ви август до 4ти септември...


...на најдобар начин ќе го отпоздравите летото и ќе ја стартувате плодната есен.

podgotvete-se-za-pivolend-2011-1

Откако Пиволенд на своето последно издание ги сруши рекордите во Македонија за настани од ваков вид, со 400.000 посетители, 2.000 хектолитри испиено пиво, 500 хектолитри вода и сокови и 150.000 изедени сендвичи, оваа година со цел да постави нови рекорди обезбеди нова поголема локација за петдневното лудило.

Пиволенд 2011 ќе се одржи на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој ќе биде специјално декориран и уреден за овој настан, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, пиваџии, гурмани, фанови, воајери и журкаџии.

Уште на третото издание беше очигледно дека Пиволенд го надмина капацитетот на Скопското Кале за настани од овој тип. Ваквиот организациски потег е карактеристичен за секој фестивал во пораст, вклучувајќи го тука и фестивалот во соседна Србија со кој Пиволенд е често споредуван, Белградскиот Beer Fest кој од истите причини се пресели после пет години одржување на Калемегдан.

Особено значајно за Пиволенд е тоа што новата локација нуди многу подобри логистичко технички услови, а самиот простор претставува предизвик четвртиот Пиволенд да биде во сите сегменти најдобар до сега.

Под познатото мото „дојди, види, испиј“ на гурманскиот фестивал на пивото ве очекуваат 50 бендови, артисти и диџеи, повеќе од 50 домашни и странски видови пиво, гурмански штандови со разновидна храна и многуте скараџиски и сувомесни „Жи-ва“ производи, игротека за возрасни, филмски проекции, ракотворби, социјални кампањи, наградни игри и 60часовно дружење во ПИВОЛЕНД, земјата на најстариот пијалок и поттикнувач на целиот цивилизацики развој (научно докажано:).

Музичката програма на фестивалот е исполнета со фини изненадувања за фановите на речиси сите музички правци.

podgotvete-se-za-pivolend-2011-2

Во листата на првите изведувачи кои ги објавуваме е хрватската електро поп атракција Lollobrigida. Започнаа во 2003 година како караоке дуо настапувајќи како предгрупа на култниот Мамбо Курт, а прераснаа во шест секси диско панкери кои во 2009 година се прославија на Европските MTV награди освојувајќи ја наградата „Best Adria Act“ и оттогаш нивната кариера е во постојан подем. Уникатниот кинки-поп состав неодамна го објави својот нов сингл „Sex on TV, sex on the radio“, а сега „погласни, побизарни и поубави од било кога“ ја стартуваа летната турнеја во чии рамки е и нивниот настап на Пиволенд.

podgotvete-se-za-pivolend-2011-3

За обожавателите на цврстиот звук Пиволенд за прв пат во Македонија го носи легендарниот новосадски хеви/панк рок бенд Ритам Нереда кој неодамна го издаде својот десети албум под наслов „Паралелни Свет“ за Егзит Мјузик етикетата. Јубилејниот албум претставува до сега најзрело и најдобро издание на бендот Ритам Нереда, а тешкиот и остар звук, препознатливите рефрени и квалитетната продукција, го прават ова издание неодминливо за сите љубители на цврстиот гитарски звук. Познати по енергичните, жестоки и бескомпромисни концерти, тие често го менуваа и го подобруваа својот звук создавајќи препознатлив стил со кој прераснаа во синоним за квалитетна свирка. Тие бележат и настапи со големи имиња како Моторхед и Ред Хот Чили Пеперс.

podgotvete-se-za-pivolend-2011-4

Пред македонската публика на Пиволенд ќе настапи и Gillespie, еден од најдобрите и највлијателните инди рок бендови од Косово. Gillespie постои од 2005 година кога само по два месеци од создавањето на бендот, членовите веќе го имале целиот материјал за првиот албум „Nje dite e zakonshme“ кој го објавуваат една година подоцна и со кој постојано се присутни на инди топ листите. Неодамна групата го објави и својот втор албум „Numroj N'Numratore!“ којќе го претстави пред публиката на Пиволенд 2011.

podgotvete-se-za-pivolend-2011-5

Музичкиот поп/рок/фолк состав Belfast Food ќе ја зачини пивската атмосфера со уникатен ирски звук. Хрватските Белфастовци речиси 15 години создаваат авторска музика во која ги спојуваат своите искуства од Ирската музика со нивните стремежи кои навлегуваат во поинакви музички правци и досега имаат објавено 5 студиски албуми.

Од домашната музичка сцена тука е квинтетот Летечки Пекинезери кој преку својот софистициран музички полет ќе ја збогати атмосферата на Пиволенд со квалитетно џез освежување, а оние кои трагаат по жесток звук сигурно нема да го пропуштат настапот на  хардкор бендот од Скопје Screaming for Change кои годинава го подготвуваат и издавањето на нивниот втор албум. Од трибјут бендовите оваа година ќе ги видиме Pink Floyd project Macedonia и српскиот Rage Against The Machine Real Tribute.

Сосема доволно за првото наздравување, а новите имиња од богатата музичка програма допрва следуваат.
Ова е само почеток – почнете да се подготвувате за ПИВОЛЕНД 2011!

Влезот на фестивалот и оваа година е бесплатен.

Би можело да ве интересира:

airBaltic влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија: Скопје – Рига ТАВ Аеродроми со воодушевување го најавуваат влегувањето на нова авиокомпанија н...
Јелена Жугиќ со емотивна објава за Леонид (18), кој се повреди во Грција: „Другар на син ми е уште о... Актерката Јелена Жугиќ ги повика нејзините Фејсбук пријатели да донираат за Леон...
Ивана (32) од Прилеп: „Ми дијагностицираа Хочкинов лимфом, ќе се борам со двете мали деца во раце - ... „Споделувам со вас една недела по операцијата, само затоа што баш тие што сподел...
Виктор Апостоловски на меден месец, Симона Поповска во уникатни бикини: Што прават македонските ѕвез... Кој ужива на плажа, а кој конечно си ја организираше свадбата од соништата? Марј...
Спектакуларно запросување на Македонка во Истанбул - на јахта, со огномет и дијамантски прстен (фото... Петар од Прилеп ѝ приреди магично запросување на неговата сакана Јована од Свети...
Александра Шијакоска ужива на семеен викенд во Охрид, по романтичното запросување во Солун Нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска уживаше на семеен викенд во Охрид. Алек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg